Повик за експерти

Повик за експерти за вклучување во проектни активности на проектот: Испринтај ја инклузијата

ЦМА КРИК отвара повик за експерти за вклучување во проектните активности на проектот: Испринтај ја инклузијата.

Програма: финансиран од Европската Унија, во рамките на проектот „ИРИС Мрежа - Зајакнување на капацитетите и ангажманот во политиките на давателите на услуги во заедницата“.

Координатор на проект: Центар за младински активизам ЦМА КРИК

Времетраење на проект: Декември 2023-Септември 2024

Општа цел: Социјална инклузија на лицата со попреченост на локално и национално ниво

Специфични цели:

Да се изградат вештините на младите и возрасните со попреченост за влез на пазарот на трудот

Да се зголемат капацитетите на младите и возрасните со попреченост за самовработување

Да се подобри социјалната вклученост на младите и возрасните со попреченост преку формирање социјално претпријатие каде што ќе работат

Да се зголемат сместувачките капацитети за лицата со попреченост кои се без семејна грижа.

Позиции:

(1)    Обучувач за три 5 дневна обуки за лица со попреченост (вкупно 15 дена обука, 3 ист вид на обуки)

(1)    Лице за креирање на маркетинг стратегија и промоција и продажба за принт на текстил

(1)    Лице за подготовка на онлајн кампања за промоција на позитивни практики (мапирање и подготовка на 6 видеа, снимање и монтажа)

Позиција (1) Обучувач за три 5 дневна обуки за лица со попреченост (вкупно 15 дена обука, 3 ист вид на обуки)

Предвидено е да се организираат 3 обуки, секоја од нив со иста тема, за 3 различни групи учесници. Секоја од групите ќе биде составена од 10 лица со попреченост, вкупно 30. Целна група се учесниците во Центарот за окупациона терапија Крикни (20 лица) и 10 млади од Специјалното училиште за интелектуална попреченост Наум Охридски. Обуките ќе траат по 5 работни дена, во период од 2 недели по обука. Вкупното времетраење на 3-те обуки ќе се врши за 2 месеци. Еден работен ден ќе биде составен од 4 часа, поради сложеноста на групата. Користените методи ќе се засноваат на методите на неформално образование.

Цели на обуката:

Учесниците да се обучат за работни вештини - печатење текстил со помош на dtg печатач, подготовка на накит од монистра и креирање на уметнички слики.

Учесниците да ги зајакнат своите вештини за да бидат повработливи на пазарот на трудот.

На крајот од обуката учесниците:

-ќе знаат да користат dtg печатач-печатење текстил

-ќе знаат да направат накит од монистра

-ќе знаат да креираат уметничко дело

- имаат подготвено кратка биографија во формат Еуропас

- знаат да подготват мотивационо писмо

- знаат да се претстават на интервју

- знаат да бараат отворени работни позиции.

Во рамките на обуката, еден од деновите за обука, за учесниците треба да се организира посета на компанија за да можат одблиску да видат како се спроведува работниот процес на тема блиска до нивниот интерес. На почетокот на обуката, обучувачот заедно со учесниците ќе изберат кои компании сакаат да ги посетат и тренерот ќе ја организира посетата за нив.

Обучувачот се ангажира за Активност 1.1. Обука за работни вештини на лицата со попреченост.

Потребни индикатори за исполнување на активноста:

Индикатор 1.1.1. Реализирани се 3 обуки за работни вештини во период од 5 дена

Индикатор 1.1.2. 30 лица со попреченост се обучени за работни вештини - печатење текстил со помош на dtg печатач.

Индикатор 1.1.3. Во социјалното претпријатие Крик се вработени 10 лица (со скратено работно време, неколку дена неделно и неколку часа дневно)

Индикатор 1.1.4. 30 лица со попреченост имаат вештини за да бидат повработливи на пазарот на трудот - подготвија кратка биографија во формат Еуропас (подготвени 30 резимеа)

- знаат да подготват мотивационо писмо

- знаат да се претстават на интервју

- знаат како да бараат отворени работни позиции (се подготвува лесно разбирлив документ со линкови до местата за вработување)

Индикатор 1.1.5. Реализирани се 3 посети на компании кои вработуваат лица со попреченост за 30-те учесници на обуката

Позиција (1) Лице за креирање на маркетинг стратегија и промоција и продажба за принт на текстил

Подготовка на веб-страница, маркетинг и продажна стратегија, маркетинг материјали за промоција, испраќање понуди во електронски форми и закажување состаноци

Експерт за продажба и маркетинг ќе биде ангажиран од средствата на проектот за првите месеци. После тоа, лицето сепак ќе биде вработено, но платено со процент од продажбата. Експертот ќе подготви маркетинг и продажна стратегија, ќе воспостави веб-страница, ќе подготви промотивни материјали и ќе започне со имплементација на стратегиите, кои беа подготвени.

Индикатори за успех на работата на лицето за креирање на маркетинг стратегија

Индикатор 1.3.3. Подготвена и пуштена е веб-страница (ворд прес темплејт верзија или дел од постоечката веб страна на Крик) за социјалното претпријатие и понудените услуги.

Овој индикатор се работи заедно со тимот на Крик во зависност од подготвеноста на постоечката веб страна на Крик. Целосно функционална веб страна со дополнителен дел за социјалното претпријатие е планирана да биде воспоставена април 2024. Доколку рокот се пролонгира, дополнителна нова веб страна ќе биде подготвена во ворд прес темплејт.

Индикатор 1.3.4. Подготвена е маркетинг и продажна стратегија

Индикатор 1.3.5. Маркетинг материјалите за промоција се подготвени

Индикатор 1.3.6. Производот е понуден на 100 заинтересирани купувачи, од кои 50 граѓански организации и 50 приватни компании (понудата испратена во електронски формат)

Индикатор 1.3.7. Производот е претставен пред 20 граѓански организации и 10 деловни компании на директни состаноци закажани со засегнатите страни

Позиција (1) Лице за подготовка на онлајн кампања за промоција на позитивни практики (мапирање и подготовка на 6 видеа, снимање и монтажа)

Активност 2.1. Онлајн кампања-промоција на позитивните практики

Проектните активности градат позитивни практики за лицата со попреченост. Со цел нивно ширење и уште повеќе промовирање, ќе се спроведе онлајн кампања. Онлајн кампањата ги има следните цели:

-да се презентира позитивната практика на работата што ја работат младите со попреченост

-да се поддржи социјалната вклученост на лицата со попреченост и да се обезбеди позитивен наратив дека тие можат да прават многу работи, исто како и нивните врсници

Онлајн кампањата ќе се состои од 6 видеа кои ќе бидат направени и споделени на социјалните мрежи. Видеата ќе ги прикажуваат позитивните практики на работата на младите со попреченост за време на траењето на проектот. Дополнително ќе има слики со кратки објаснувања и инфографици. Објавите ќе бидат спонзорирани на социјалните мрежи. Меѓу објавите ќе ја користиме платформата Млади Мк и радио моф за дополнително да ги промовираме произведените материјали.

Индикатори за успех на работата на лицето за подготовка на онлајн кампања за промоција на позитивни практики (мапирање и подготовка на 6 видеа, снимање и монтажа)

Индикатор 2.1.1. Направени се 6 видеа за позитивните практики на младите со попреченост

Индикатор 2.1.2. На социјалните мрежи (Фејсбук и Инстаграм) се промовираат 6 видеа со платени објави (се очекуваат прегледи од минимум 2 000 по видео)

Индикатор 2.1.3. 10 слики и инфографици се направени од позитивните практики и споделени на социјалните мрежи.

Начин на апликација:

Понудата треба да содржи:

-професионална биографија (CV) на кандидатот/ката;

-документ – предлог методологија, со временска рамка во однос на планирани активности за спроведување на акциското истражување и

-финансиска понуда.

Комплетираната документација се доставува електронски на следната адреса employmentkrik@gmail.com

Рок за апликација за трите позиции е 20.02.2024.