Сервис за асистирано живеење на лица со попреченост

ЦМА Крик е лиценциран давател на социјална услуга живеење со поддршка 24 часа на лица со попреченост. Оваа услуга произлегува од процесите на деинтитуционализација кои се одвиваат на национално ниво.

Целта на процесот е хуман живот на лицата со попреченост, живот во подобри услови и инклузија во општеството на лицата со попреченост.

Почувајќи од декември 2022 година, Крик го поддржува живеењето на 15 возрасни корисници, кои живееат во три групни домови, а се преселени од Специјалниот завод во Демир Капија.

Лицата имаат 24 часовна поддршка во нивните секојдневни активности, хигиенските потреби, грижата за нивното здравје и здравствена заштита во системот.

Лицата истотака имаат поддршка во социјални, рекреактивни и окупациони активности.

Во рамки на сервисот моментално работат 16 негуватели, физиотерапевт, два окупациони терапевти и координатор на сервисот.

ЦМА Крик преку своите програми обезбедува и волонтери кои даваат придонес во секојдневните активности на корисниците.