Повик за учество во работилници

За целите на проектот „Испринтај ја инклузијата“ спроведен од Центар за младински активизам Крик, поддржан од ИРИС ПРОГРЕС, со IRIS network со финансиска поддршка од Европската Унија, отвараме повик за учество на работилници за зајакнување на вештини за вработливост. Целта на проектот е да зголеми социјалната инклузија на лицата со попреченост на локално и национално ниво. Работилниците се наменети за лица со попреченост но се отворени и за лица со типичен развој. Со пополнување на формата може да се пријавите за учество.


Работилниците ќе се одржуваат во следниве денови со почеток од 10 - 13ч:


22.04.2024 - Работилница за изработка на CV и работилница за стекнување на вештини при интервју

23.04.2024 - Посета на бизнис компанија

25.04.2024 - Посета на бизнис компанија

26.04.2024 - Работилница за изработка на накит од монистра 


На следниот линк можете да ја најдете апликациската форма преку чие пополнување можете да се пријавите за работилниците