ЗЗЗ ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ

Наслов на проектот:  ЗЗЗ- ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Специфична област: Климатски промени / животна средина

Координатор: Центар за младински активизам ЦМА КРИК

Партнери: Здружение Центар за Социјална иницијатива НАДЕЖ и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ

ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

Времетраење на грантот: 34 месеци

Општа цел:  Воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.

Специфични цели: 

СЦ 1 – Градење и зајакнување на капацитетите на социјалните работници, давателите на социјални услуги и младинските работници во младинските центри за спроведување интегративни, зелени програми за своите корисници, за подигање на јавната свест и одговорност за заштита на животната средина.

 

СЦ 2 – Воведување на концептот на зелена (еко-) социјална работа како дел од програмата за лиценцирање на стручните работници во системот на социјална заштита.

 

СЦ 3 – Креирање услови за зелена партнерска акција меѓу претставници од граѓанскиот сектор, локалната самоуправа и приватниот сектор за препораки и позитивни примери за заштита на животната средина преку инклузивен и демократски процес;

 

СЦ 4 – Зголемување и зајакнување на социјалната инклузија на лицата со попреченост и младите лица со помалку можности во справувањето со заштита на животната средина.

Предвидени резултати: 

– Изготвен национален извештај со резултати, заклучоци, препораки, но и мапирани потреби на локално ниво за заштита на животната средина.

 

Подготвена функционална онлајн платформа за поддршка на заштитата на животна средина.

 

– Воведен концепт на зелена социјална работа како дел од програмата за лиценцирање на стручните работници во системот на социјална работа.

 

- Воведен концепт на зелена младинска работа како дел од работењето на младинските центри


- Обучени вкупно 60 стручни и младински работници од сите осум плански регион на национално ниво за спроведување локални иницијативи со цел мобилизирање на заедницата и заштита на животната средина.

 

- Реализирани 30 иницијативи на локално ниво во сите 8 плански региони со цел заштита на животната средина.

 

-  Подобрена соработката преку партнерската акција меѓу 60 претставници од граѓанскиот сектор, локалната самоуправа и приватниот сектор од сите осум плански региони за препораки и позитивни примери во справување со климатските промени и животната средина преку инклузивен и демократски процес.

 

- Зголемена информираност на сите чинители, вклучително и носители на одлуки за формално вклучување на еко (зелената) перспектива во социјалната заштита и младинскиот активизам како важен фактор за одржливост на животната средина и справување со климатските промени.

- Зголемена социјалната инклузија на лицата со попреченост и младите лица со помалку можности преку вклучување во локалните работилници на тема заштита на животната средина