Настани

Крик е дел од иницијативата за создавање на „Формална мрежа на даватели на социјални услуги“




Јануари, 2024

На 17ти Јануари се одржа настан за презентација на инцијативата „Формална мрежа на даватели на социјални услуги“, организиран од страна на 11 граѓански организации кои работат во социјлната заштита или се даватели на социјални услуги: Крик, СОС Детско Село, Хуманост, Хера, Порака – Неготино, Кризен Центар Надеж, Отворена Порта, Монтесори, ХОПС, Инклузива, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес. Настанот се одржа во просториите на Едукативнитот центар М6, во Скопје. „Формалната мрежа на даватели на социјални услуги’’ има цел да го зајакне здруженото делување на организациите во областа на социјалната заштита, како и да ги поддржи истите во обезбедувањето на квалитетни и достапни социјални услуги до корисниците кои доаѓааат од ранливи категории.

На настанот свое воведно обраќање имаше Мила Карадафова Ангеловска, извршна директорка на Центар за младински активизам КРИК, која ја претстави иницијативата пред присутните учесници: 

„Визијата на Националната стратегија за деинституционализација во Република Северна Македонија 2018-2027 „Тимјаник“ беше да воспостави систем за испорака на социјални услуги, заснован на пристапот на човекови права кој ќе ги унапредува правата, вклученоста и достоинството на корисниците. Стратегијата посочува дека ‘Рбетот на новиот систем ќе бидат услуги за персонализирана грижа и поддршка, добро интегрирани на сите нивоа, флексибилни и способни да се прилагодат кон промени и нови потреби. Имаме одговорност пред се кон нашите корисници, но и сите граѓани на оваа држава да работиме сплотено и понатаму кон подобрување во социјалната сфера, затоа што само држава која има силна социјална заштита, здрав образовен систем и каде што владее правото може да понуди перспектива, достоинствен живот и по инклузивно општество за сите. За да можеме да ја обезбедиме одржливоста на постоечките социјални услуги, но и да стимулираме отворање на нови во региони каде има недостаток на социјални услуги, неопходно е итно преземање на посериозни чекори кон унапредување на системот а ние сме подготвени да бидеме дел од тоа и можеме и сакаме да придонесеме бидејќи имаме и капацитет, и експертиза а сега веќе полека но сигурно стануваме рамноправен дел од системот. Имаме и знаење и храброст, иако без доволно ресурси, да бидеме иноватори и да пилотираме нови услуги и програми во заедниците и да бидеме застапници и ГЛАС на нашите корисници.“

Во рамки на настанот, се одржаа и две панел дискусии на тема „Стратегиски можности за партиципативен развој на социјалните услуги“ и „Преку вмрежување и соработка до развој, инклузија и еднакви можности“. На панел дискусиите учествуваа претстаници на меѓународните организации во земјава кои изразија силен интерес и поддршка за иницијативата, помеѓу кои г. Steffen Hudolin Head of Cooperation in the EU Delegation to North Macedonia, Г-ѓа Росана Дуџиак постојан координатор на ОН во С. Македонија и  г. Харолд Фугер, Аташе за социјални прашања на Австриското Министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, како и претставник на државните институции, г. Флакрон Беџети, државен секретар при Министерството за труд и социјална политика, кој ја поздрави оваа иницијатива и ја истакна улогата на граѓанските инситуции во обезбедувањето на социјални услуги преку нивната експертиза.

Исто така, на панелите свое обраќање имаа и директорот за развој на програми  на СОС Детско село г-дин Марио Јанчев и Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА кои ја образложија потребата од здружуваањето на организациите во мрежа и заедничкото делување на лиценцираните даватели  на социјални услуги. Главната цел на настанот беше да се истакне потребата од заедничко здружување, преку разгледување на социјалната реформа која се темели на три клучни постулати: децантрализација, деинституционализација и плурализација на системот на социјална заштита. Третиот постулат на реформата - плурализација значи и диверзификација на социјалните услуги од страна на недржавни даватели на социјални услуги. Преку здружувањето и заедничкото делување се јакне влијанието на организациите во нивното организирано застапување за заеднички цели, но и се воспоставува дијалог помеѓу давателите на услуги и институциите кои се кратори и спроведувачи на политики. Преку мрежата би се обезбедила одржливост на веќе постоечките социјални услуги, но и би се поттикнало отворање на нови центри за давање на социјални услуги во региони каде има недостаток на истите.

Идејата на Мрежата е преку овој настан да ги информира сите засегнати страни за отпочнувањето на работата на мрежата, да го мотивира приклучувњето на нови членки и да прерасне во самоодржлива мрежа која ќе биде активен чинител во општеството. 

ЦМА Крик го започнува проектот „Секој ден е ден за тренинг“

Јануари, 2024


Центарот за младински активизам Крик го започна проектот „Секој ден е ден за тренинг“ (анг.„Everyday is a Training Day“), заедно со партнерските организации „Асоцијација Интеградос“ од Шпанија и „Scout Society“ од Романија. Проектот е дел од програмата Ерасмус + стратешко партнерство од мал обем, а финансиран од Шпанската Национална агенција одговорна за Ерасмус +.


Визијата на овој проект е да придонесе во промовирањето на здрав и инклузивен начин на живот кај младите, усогласувајќи се со принципите на Стратегијата за физичка активност на СЗО за Европскиот регион 2016 – 2025, како и Стратегијата на ЕУ за правата на лицата со попреченост 2021 - 2030.

Целта на проектот е промоција на здрави навики преку рекреативно практикување на спортот, создавање на лесно пристапни, достапни и адаптирани инклузивни простори за физичка активност кои ќе можат да бидат користени од страна на луѓе со и без попреченост, како и креирање на ресурси и алатки за спроведување на обуки за подигнување на свеста кај младите луѓе и организациите кои спроведуваат физички активности за луѓе со и без попреченост, спортските клубови и институциите.

За  постигнување на наведените цели ќе биде развиен „Водич со ресурси“ кој ќе содржи информации за јавни простори, игралишта и спортски терени кои се лесно достапни и адаптирани за користење на лица со попреченост во локалната заедница, како и мапирање на постоечките спортски клубови и организации кои спроведуваат спортско-реакреативни активности адаптирани на лица со попреченост. Заедно со водичот, ќе биде развиена и „Обука за спроведување на капацитети“. Водичот со ресурси и Обуката за капацитети ќе бидат насочени кон јакнење на капацитетите на едукаторите, младинските работници, персоналот за поддршка кои работат во полето на спортот и искористувањето на слободното време, младински работници, лица кои работат со млади и млади возрасни лица со или без попреченост, родители во секоја од трите држави.

Спроведувањето на проектот ќе се одвива во две фази. Првата фаза ќе опфаќа теренско истражување и спроведување на прашалник со цел да се мапираат сите постоечки капацитети во трите држави, кои потоа ќе бидат содржани во Водичот со ресурси, а втората фаза ќе вклучува серија на настани и работилници насочени кон експерти и организации кои работат со лица со попреченост. 

Инаку, ЦМА Крик е невладина, непрофитна организација, основана и водена од млади луѓе, која работи со и за младите. Крик работи на постигнување на социјална инклузија и интеграција на младите луѓе со помали можности, а таргет група се млади луѓе со типичен развој, млади луѓе со попреченост и млади луѓе со потешка социјална и економска позадина. 

Повеќе за работата на КРИК можете да погледнете на следниот линк.

НАСТАН ЗА ПРОМОЦИЈА НА : ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА МРЕЖА НА ДАВАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ 

Датум: 17.01.2024

Локација: М6 Едукативен центар

Почеток: 09:30


Огромна чест и задоволство ни е да ве поканиме на настанот за промоција на иницијативата и заедно да дискутираме за подобрување и обезбедување на квалитет на социјалните услуги.


Иницијативна група на даватели на социјални услуги:

1) Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес

2) ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување

3) СОС Детско Село

4) Хуманост

5) Порака – Неготино

6) Кризен Центар Надеж

7) Инклузива

 Отворена порта -Ла Страда

9) КРИК

10) Македонското Монтесори Здружение

11) ХОПС


Агенда

Вовед: Кои сме ние – даватели на социјални услуги?

09:30-09:40 Воведно претсавување на иницијативата на даватели на социјални услуги

Мила Карадафова Ангеловска, извршен директор КРИК

09:40 -10:40 Панел дискусија I: Стратегиски можности за партиципативен развој на социјалните услуги

Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика

Начин на кој давателите на социјални услуги можат го дадат своето искуство и капацитет во унапредувањето на системот и социјалните услуги

Steffen Hudolin Head of Cooperation in the EU Delegation to North Macedonia

Поддршката која ЕУ ја дава деинституционализацијата и развојот на социјалните услуги. Механизми преку кои ЕУ обезбедува вклучување на граѓанскиот сектор во креирањето на социјалните политики на Унијата

Росана Дуџиак постојан координатор на ОН во С. Македонија

Придонес на социјалните услуги за остварувањето на Одржливите развојни цели на ОН во Македонија

Харалд Фугер, аташе за социјални прашања, Амбасада на Австрија

Клучни елементи на австрискиот систем за социјални услуги кои би можеле се пренесат, австриските искуства во поглед на здружувањето и заедничкото делување на приватните даватели на социјални услуги

Марио Јанчев, директор за развој на програми, СОС Детско село

Зошто мрежа на даватели на социјални услуги?

Можности за идната мрежа на даватели на социјални услуги да стане партнер на државата во креирањето на правната рамка и јавните политики

Елизабета Божиноска, програмски директор ХЕРА

Раководење на здравствени и социјални сервиси според меѓународни стандарди без обезбедено одржливо финансирање од страна на државата

Прашања и коментари од присутните (20’)

10:40-11:00 Кафе пауза

11:00-12:00 Панел дискусија II: Преку вмрежување и соработка до развој, инклузија и еднакви можности

European Association of Service Providers for people with disabilities

Сашко Јованов, директор, Хуманост

Социјалните услуги како можност за развој на „економија на грижа“: пошироката општествена корист од развојот на социјалните услуги

Билјана Дуковска, Македонска плаформа за борба против сиромаштијата

Научени лекции од мрежното делување против сиромаштијата во Македонија

Елена Кочоска, претседател на управен одбор, МЦМС

Како до општествени промени преку граѓанско застапување

Прашања и коментари од присутните (20’)

Коктел и вмрежување