Здружението Центар за младински активизам ЦМА КРИК – Скопје објавува повик за ангажман на бенд во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас. Проектот го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.
Проектот „ЗЗЗ“ има за цел да ја воведе т.н. „зелена“ перспектива во социјалната и младинската работа, како клучен пристап за заштита на животната средина и градење инклузивно и демократско општество.
Преку концептот на зелена социјална работа и социјална трансформација, проектот се стреми да ја поддржи благосостојбата на луѓето во услови на климатски промени и да го афирмира правото на здрава животна средина за сите.
Носител: ЦМА КРИК, Скопје
Партнери: Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ
Времетраење: 01.12.2023 – 30.09.2026
Целни групи се стручни работници во социјалната заштита, даватели и корисници на социјални услуги, општини, младински работници и млади.
Како дел од проектните активности, во периодот мај – август 2026 година ќе се реализира Зелен караван во сите 8 плански региони во државата. Во секој регион ќе се организира по еден настан на отворено (плоштад или јавен простор), во партнерство со општините и ЗЕЛС.
Настаните ќе вклучуваат:
музички настап на локален бенд,
стенд-ап настап на тема заштита на животната средина,
презентација на локални зелени иницијативи,
модераторска програма и интеракција со публиката.
Целта е преку креативни и достапни формати да се информира јавноста и да се поттикне активно учество во заштитата на животната средина.
Се бара локален бенд (или повеќе бендови) кој:
има искуство со јавни настапи
изведува инклузивна, културна и ненаметлива музика
има репертоар погоден за широка публика
може да создаде позитивна и енергична атмосфера
е отворен за настап во рамки на настан со еколошка и општествена тематика
нема навредлива или несоодветна содржина
Предност ќе имаат бендови кои изведуваат: алтернативна музика, world music, џез/фанк, инди, поп/рок (полесен стил).
Дополнително, бендот треба:
да може да настапува на отворено и да се прилагоди на техничките услови
да ги почитува вредностите на настанот (екологија, инклузија, позитивна комуникација)
да биде подготвен за настап во различни региони
да прифати снимање на настапот за потребите на проектот
да соработува и координира со проектниот тим
Настап од 45–60 минути во рамки на програмата
Учество на јавен настан на отворено
Координација со организаторите
Прилагодување на техничките услови (озвучување и осветлување обезбедени од организаторот)
Интеракција со публика (кога е соодветно)
Патните трошоци до локацијата се покриваат од страна на организаторот.
Бруто износ: 15.000 МКД по настан
Изборот ќе се врши според принципот „најдобра вредност за цената“, врз основа на:
Релевантно искуство (CV и портфолио) – 50 бодови
Квалитет на доставените видеа – 50 бодови
Секоја понуда задолжително треба да содржи:
Кратка биографија (CV)
Портфолио со линк од најмалку еден претходен видео настап
Нецелосните понуди нема да бидат разгледувани.
Рок за доставување понуди: 10.05.2026
Избор и известување: 15.05.2026
Период на реализација: 01.05.2026 – 31.08.2026
Понудите се доставуваат електронски на:
zzzgreenadvocacy@gmail.com
Во предметот на пораката задолжително наведете:
„Повик 31/2026: Бенд за зелен караван“
При аплицирање наведете за кој од 8-те плански региони аплицирате (може за минимум 1, максимум 8 региони).
Понудите пристигнати по рокот или изработени спротивно на условите нема да бидат разгледувани.
Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Содржината на овој повик е единствена одговорност на Центар за младински активизам ЦМА КРИК – Скопје и не ги одразува ставовите на донаторот или организациите кои ја спроведуваат програмата.