Центарот за младински активизам КРИК, во партнерство со Македонски Каритас, во рамки на регионалниот проект CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation, поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за учество на дводневна обука на тема:
📅 Датум: 30–31 март 2026
📍 Локација: Хотел Манастир, Берово
Обуката е дел од Capacity Building Program во рамки на проектот CORDIAL и има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за активно учество во процесите на креирање, следење и унапредување на јавните политики поврзани со инклузијата на лицата со попреченост.
Проектот CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation има за цел да ја унапреди инклузијата на лицата со попреченост преку:
зајакнување на капацитетите на граѓанските организации
подобрување на јавните политики
поттикнување регионална соработка
Во рамки на проектот се спроведуваат серија тематски модули кои опфаќаат области како застапување, институционални механизми, креирање јавни политики, мониторинг и отчетност.
Овој модул е насочен кон развивање на основни знаења и практични вештини за мониторинг на јавни политики, со посебен фокус на примената во работата на граѓанските организации.
Учесниците ќе имаат можност да научат:
како да пристапат кон анализа на јавни политики
како да препознаат индикатори за успех на јавните политики
како да собираат едноставни податоци релевантни за мониторинг
како да подготват краток мониторинг извештај кој може да се користи во процесите на застапување
како нивната организација може активно да се вклучи во мониторинг процеси
кои се добри практики и алатки за следење на јавните политики
Обуката ќе се реализира преку интерактивен и практичен пристап, со примери од пракса, дискусии и работа во групи. Учесниците ќе работат на практични задачи преку кои ќе развиваат сопствени идеи и пристапи за вклучување во процесите на креирање и следење на јавни политики.
На повикот можат да се пријават претставници на граѓански организации кои:
работат со и за лица со попреченост
се активни во застапување на правата на ранливи групи
придонесуваат кон социјална инклузија
⚠️ Апликации од претставници на јавни институции и училишта не се предвидени за оваа обука.
Особено се охрабруваат да аплицираат:
организации кои работат со млади и жени со попреченост
организации кои делуваат во рурални или помали заедници
нови или помали организации на кои им е потребна поддршка за вклучување во јавни процеси
Сите трошоци поврзани со учеството на обуката се целосно покриени од страна на организаторот, вклучувајќи:
сместување
оброци
патни трошоци
работни материјали
Заинтересираните организации и нивни претставници можат да се пријават преку онлајн апликациска форма достапна на следниот линк.
Линк за пријавување: https://tinyurl.com/59fpa32k
📌 Бројот на учесници е ограничен, а сите апликанти ќе бидат известени по завршување на процесот на селекција.
🗓 Краен рок за пријавување: 23 март 2026
📅 Датум на објава на повикот: 09 март 2026