Националната група за застапување (НАГ), формирана во рамки на регионалниот проект CORDIAL - Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation, има чест да Ве покани да учествувате на Националната конференција „Посилни заедници, подобра поддршка: Унапредување на социјалната заштита на лицата со попреченост на локално ниво“, која ќе се одржи на 26 ноември 2026 година (четврток) во Граѓански ресурсен центар - Скопје со почеток од 09:30 часот.
Конференцијата има за цел да отвори простор за дијалог, размена на искуства и заедничко идентификување решенија за унапредување на социјалната заштита на лицата со попреченост на локално ниво. Посебен фокус ќе биде ставен на финансиската одржливост и децентрализацијата на социјалните услуги, меѓусекторската соработка меѓу институциите и давателите на услуги, како и активното и суштинско учество на лицата со попреченост во креирањето, спроведувањето и следењето на политиките и услугите што директно ги засегаат. На конференцијата ќе учествуваат претставници на националните институции, единиците на локалната самоуправа, граѓанските организации, лиценцираните даватели на социјални услуги, стручната јавност, лицата со попреченост и корисниците на услуги. Преку заедничка дискусија и размена на перспективи, сакаме да придонесеме кон препознавање на постојните предизвици, утврдување на приоритетите и формулирање конкретни препораки за пофункционален, подостапен и одржлив систем на социјална заштита на локално ниво.
Вашето учество и придонес ќе бидат значајни за отворање конструктивен дијалог и заедничко креирање решенија кои ќе одговорат на реалните потреби на лицата со попреченост и нивните семејства. Ве молиме
Вашето учество да го потврдите најдоцна до 20 ноември 2026 година, со пополнување на оваа кратка форма.
Се надеваме на Вашето присуство и придонес кон заедничките напори за создавање поинклузивни заедници и подобри услуги за сите.
Настанот е објавен и на Facebook, можете да го најдете на овој линк.