Центарот за младински активизам КРИК објавува отворен повик за ангажирање на обучувач/ка кој/а ќе подготви и реализира дводневна обука на тема „Мониторинг на јавни политики: пристапи, алатки и примена во граѓанскиот сектор“, во рамки на регионалниот проект CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation.
Проектот CORDIAL е регионална иницијатива финансирана од Европската Унија преку ИПА програмата, насочена кон унапредување на социјалната инклузија и правата на лицата со попреченост преку регионален дијалог, застапување и институционално вмрежување.
Проектот е координиран од Caritas Србија, а се спроведува во партнерство со организации од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Северна Македонија, меѓу кои и Центар за младински активизам КРИК.
Во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, ќе се организира дводневна обука (30–31 март 2026) во Манастир, Берово, на која ќе учествуваат 10–15 претставници од граѓански организации од Северна Македонија.
Целта на обуката е учесниците да стекнат практични знаења и алатки за мониторинг на јавни политики, со фокус на:
анализа и следење на јавни политики
идентификување индикатори за успех
собирање податоци и подготовка на кратки мониторинг извештаи
вклучување на граѓанските организации во процесите на мониторинг и застапување
добри практики и алатки за следење на јавни политики.
Избраниот обучувач ќе биде одговорен за:
подготовка на дводневна програма и агенда за обуката
развивање методологија, практични примери и алатки
фацилитирање на обуката во живо
подготовка на едноставна мониторинг алатка за следење на јавни политики поврзани со правата на лицата со попреченост
изработка на финален извештај со препораки и заклучоци по завршување на активноста.
Кандидатите треба да поседуваат:
високо образование во областите општествени науки, право, јавни или социјални политики, политички науки или сродни области (предност)
искуство во работа со институции, граѓански организации и јавни политики
искуство во фацилитирање обуки или работилници
добро познавање на институционалните процеси и консултативните механизми
способност за јасно и разбирливо пренесување на комплексни информации.
Пожелно е кандидатите да имаат искуство во јавни консултации, застапување или работа на теми поврзани со социјална инклузија и правата на лицата со попреченост.
За реализација на ангажманот е предвиден вкупен хонорар од 600 евра, кој ги опфаќа подготовката, реализацијата и финалниот извештај.
Заинтересираните кандидати треба да испратат апликација најдоцна до 19 март 2026 година на:
📧 employmentkrik@gmail.com
(со назнака: Апликација – Обучувач за мониторинг на јавни политики)
Апликацијата треба да содржи:
Кратка биографија (CV)
Краток предлог за методологија и пристап кон темата
Апликациите ќе бидат разгледани од тричлена селекциска комисија составена од претставници на КРИК и проектниот тим на CORDIAL. Кандидатите ќе се оценуваат според релевантно образование, искуство, квалитет на предложената методологија и, по потреба, кратко онлајн интервју.