Центарот за младински активизам КРИК објавува отворен повик за ангажирање на обучувач/ка кој/а ќе подготви и реализира дводневна обука на тема „Дигитално застапување и медиумска видливост како алатка за влијание“, во рамки на регионалниот проект CORDIAL – Создавање можности регионално за инклузија и застапување на лица со попреченост.
Проектот CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation е регионална иницијатива финансирана од Европската Унија преку ИПА програмата, насочена кон унапредување на социјалната инклузија и правата на лицата со попреченост преку регионален дијалог, застапување и институционално вмрежување.
Проектот го координира Caritas Србија, а се спроведува во партнерство со организации од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Северна Македонија, меѓу кои и Центар за младински активизам КРИК.
Во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации и мрежи, ќе се организира дводневна обука (21–22 април 2026 година) во х. Манастир, Берово, на која ќе учествуваат 10–15 претставници од граѓански организации од Северна Македонија.
Целта на обуката е учесниците да стекнат практични знаења и вештини за дигитално застапување и зголемување на медиумската видливост, со фокус на:
развивање вештини за дигитално застапување
зголемување на медиумската видливост на организациите и нивните кампањи
користење на дигитални алатки за зголемување на влијанието
добри практики и алатки за дигитално застапување
унапредување на пораките кон пошироката јавност и релевантните чинители
Обуката ќе комбинира теоретски вовед и практична работа, анализа на постоечки кампањи и развивање мини-кампањи од страна на учесниците.
Избраниот обучувач ќе биде одговорен за:
подготовка на дводневна програма и агенда за обуката
развивање методологија, практични примери и алатки
фацилитирање на обуката во живо
подготовка на краток водич за дигитално застапување
изработка на финален извештај со препораки и заклучоци по завршување на активноста
Кандидатите треба да поседуваат:
високо образование во областите општествени науки, право, јавни или социјални политики, политички науки, комуникации или сродни области (предност)
искуство во работа со медиуми, институции и граѓански организации
искуство во дигитално застапување и користење дигитални алатки
искуство во фацилитирање обуки, работилници или јавни настани
способност за јасно и разбирливо пренесување на комплексни информации
Пожелно е кандидатите да имаат искуство во подготовка и реализација на дигитални застапувачки кампањи, учество во јавни консултации или застапнички процеси, како и познавање на принципите на социјална инклузија и правата на лицата со попреченост.
За реализација на ангажманот е предвиден вкупен хонорар од 600 евра, кој го опфаќа целиот ангажман (подготовка, реализација и финален извештај).
Заинтересираните кандидати треба да испратат апликација најдоцна до 10 април 2026 година на:
📧 employmentkrik@gmail.com
(со назнака: Апликација – Обучувач за дигитално застапување)
Апликацијата треба да содржи:
Кратка биографија (CV)
Краток предлог за методологија и пристап кон темата
Апликациите ќе бидат разгледани од тричлена селекциска комисија составена од претставници на КРИК и проектниот тим на CORDIAL.
Кандидатите ќе се оценуваат според:
Релевантно образование и професионални квалификации (30%)
Искуство во фацилитација и работа со институции/ГО (15%)
Искуство во дигитални кампањи за застапување (15%)
Квалитет на предложената методологија (30%)
Резултати од интервју (10%) – по потреба
По потреба, избраните кандидати ќе бидат повикани на кратко онлајн интервју (Zoom/Teams).