Дали си млад/а, сакаш нови искуства, авантура, дружење и учење преку практични активности? Пријави се и биди дел од инклузивната летна младинска програма Camp Me In 2026! 🌞
Центарот за младински активизам КРИК, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија и Youth CRL, те покануваат да бидеш дел од традиционалната програма „Остваруваме кампување“ – годинава како дел од билатералната младинска размена помеѓу Северна Македонија и Шпанија, финансирана преку Erasmus+.
🗓 05 – 09 август 2026 година
📍 Извиднички центар Охрид, Охрид
🗓 10 август 2026 година
📍 Центар за окупациона терапија (ЦОТ) Крикни, Скопје
✅ Млади на возраст од 16 до 30 години
✅ Учесници со и без попреченост
✅ Сите кои сакаат активности на отворено, креативни работилници и интеркултурно искуство
🤝 Запознавање и дружење со млади од Северна Македонија и Шпанија
🌿 Активности во природа, спортски и тимски игри
🎨 Креативни работилници и заедничко создавање
🏞 Посети на природни и културни знаменитости во Охрид
🌎 Интеркултурни вечери и размена на традиции и искуства
📸 Креирање фотографии, видеа и дигитални приказни од кампот
Преку Camp Me In ќе имаш можност да стекнеш нови пријателства, да развиеш нови вештини и да учиш преку искуство во инклузивна и поддржувачка средина.
💙 Camp Me In 2026 не е само камп.
Тоа е простор за инклузија, пријателство, учење и авантура што се памети цел живот.
Програмата ги покрива:
🚌 Превоз Скопје – Охрид – Скопје
🏕 Сместување
🍽 Храна
🎯 Сите програмски и инклузивни активности
📝 Пријавување:
Пополнете ја онлајн апликацијата:
🔗 https://shorturl.at/pZ7UA
⏳ Рок за пријавување: 15 јули 2026
📩 Дополнителни информации:
infokrikcenter@gmail.com
📘 Facebook: CYA KRIK
📸 Instagram: @cya_krik
Дисклејмер:
🇪🇺 Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата Erasmus+. Ставовите и мислењата изразени во оваа објава се единствена одговорност на организациите партнери и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на Европската Унија.
Погледни ја целосната агенда подолу: