Центарот за младински активизам КРИК, во соработка со Сојуз на извидници на Македонија и Youth CRL, ве поканува да станете дел од нашата традиционална инклузивна летна младинска програма „Остваруваме кампување“, оваа година под името Camp Me In 2026.
Активностите се реализираат со поддршка на INJUVE – Националната агенција одговорна за Erasmus+ програмата во Шпанија. Кампот претставува билатерална младинска размена помеѓу Македонија и Шпанија, финансирана преку Erasmus+.
🗓 03 – 08 јуни 2026 година
📍 Youth Hostel Alonso Quijano, во срцето на природниот рај Lagunas de Ruidera Natural Park
Млади на возраст од 16 до 30 години
Учесници со и без попреченост
Сите кои сакаат авантура на отворено, креативни работилници и интеркултурно искуство
🔹 Предност имаат лица вклучени во активностите на КРИК и Центарот за окупациона терапија Крикни.
Главната база на кампот ќе биде младинскиот хостел Alonso Quijano, каде ќе се одржуваат:
воведни активности
тим билдинг сесии
креативни работилници
дневни рефлексии
вечерни социјални и интеркултурни активности
Програмата активно ја користи природната околина на Lagunas de Ruidera Natural Park. Учесниците ќе бидат дел од:
спортски и тимски игри
активности на отворено
практични сесии за здрав начин на живот
учење преку искуство во реална средина
Во рамки на програмата ќе се организираат посети на локални организации во регионот на Castilla-La Mancha. Учесниците ќе се запознаат со добри практики во младинската работа и инклузијата на лица со помалку можности, преку директна комуникација со локални професионалци.
Предвидени се културни посети на блиски градови и туристички локации, како и интеркултурни вечери каде секоја група ќе ја претстави својата земја, традиција и обичаи.
Учесниците ќе креираат:
фотографии
видеа
кратки дигитални приказни
со цел да ги документираат своите искуства и да ги споделат научените лекции.
На крајот од размената, сите активности ќе бидат заокружени со заедничка евалуација и рефлексија – како стекнатите знаења може да се применат во локалните заедници.
Програмата ги покрива:
✈️ Авионски билет со Wizz Air на релација Скопје – Мадрид – Скопје
🚌 Автобуски превоз Мадрид – Lagunas de Ruidera – Мадрид
🏨 Сместување
🍽 Храна
🎯 Сите програмски и инклузивни активности
Пополнете ја онлајн апликацијата на следниот линк:
🔗 https://shorturl.at/qToae
⏳ Рок за пријавување: 09 АПРИЛ 2026
📧 infokrikcenter@gmail.com
📱 Facebook – CYA KRIK
📸 Instagram – @cya_krik
📷 Погледнете го албумот од минатото лето.
📽️ Наскоро ќе биде достапно и видеото од минатогодишните авантури покрај езеро.
Camp Me In 2026 не е само камп.
Тоа е простор за инклузија, пријателство, учење и авантура што се памети цел живот. 🌊🌞
Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата Erasmus+. Ставовите и мислењата изразени во оваа објава се единствена одговорност на организациите партнери и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на Европската Унија.
Погледни ја целосната агенда подолу: