Центар за младински активизам КРИК, во партнерство со Македонски Каритас, во рамки на регионалниот проект CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation, поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за учество на дводневна обука на тема:
📅 Датум: 21–22 април 2026
📍 Локација: Хотел Манастир
Проектот CORDIAL има за цел да ја унапреди инклузијата на лицата со попреченост преку:
градење на капацитетите на граѓанските организации,
подобрување на јавните политики,
поттикнување регионална соработка и застапување.
Обуката е дел од пошироката Capacity Building Program, која опфаќа тематски модули насочени кон застапување, институционални механизми, креирање јавни политики, мониторинг и отчетност.
Овој модул е дизајниран да им помогне на организациите да:
стекнат практични вештини за дигитално застапување,
се запознаат со конкретни алатки и платформи за онлајн комуникација,
го зајакнат своето онлајн позиционирање и медиумска видливост,
ги разберат придобивките од дигиталното застапување во процесите на влијание,
применуваат добри практики преку реални примери и искуства.
Преку интерактивни сесии и практична работа, учесниците ќе:
учат како да креираат јасни и ефективни пораки за застапување;
ги прилагодуваат пораките за различни дигитални канали (социјални медиуми, веб-страници, онлајн кампањи);
анализираат постоечки кампањи и ќе идентификуваат што функционира, а што може да се подобри;
користат алатки за планирање содржина, креирање визуели и управување со социјални медиуми;
изработат сопствени мини-кампањи како практична вежба;
работат на зголемување на видливоста и препознатливоста на својата организација.
Дополнително, ќе се дискутира за придобивките од дигиталното застапување – поголем дострел, влијание врз јавноста и носителите на одлуки, како и поефикасна комуникација со заедницата.
Право на учество имаат:
организации кои работат со и за лица со попреченост;
организации кои застапуваат права на ранливи групи;
граѓански организации кои придонесуваат кон социјална инклузија.
⚠️ Апликации од претставници на јавни институции и училишта не се предвидени за оваа обука.
Особено се охрабруваат пријави од:
организации кои работат со млади и жени со попреченост;
организации од рурални и помали заедници;
нови или помали организации кои имаат потреба од дополнителна поддршка за вклучување во јавни процеси.
Трошоците за:
сместување,
оброци,
патување,
работни материјали
се целосно покриени од страна на организаторот.
Заинтересираните организации и претставници можат да се пријават преку онлајн форма на следниот линк:
🔗 https://shorturl.at/tsGmf
📌 Бројот на учесници е ограничен.
📅 Повикот е отворен до 14 април 2026 година.
Доколку вашата организација сака да го зајакне своето дигитално присуство и да го зголеми влијанието во јавните политики, оваа обука е можност за конкретни знаења, алатки и практична поддршка.