Центарот за младински активизам КРИК во рамки на проектните активности за унапредување на инклузијата на лицата со попреченост во младинската работа, организира регионален онлајн состанок за мапирање на потребите на младинските центри и центрите за работа со лица со попреченост во Источниот регион.
Прочитај повеќе за проектот YOUTH CENTERS FOR ALL тука: https://tinyurl.com/4be4z49v
Овој состанок се реализира во рамки на Активност 1 – Мапирање на потребите на младинските центри и лицата со попреченост во пет целни региони на Северна Македонија, чија цел е да се идентификуваат предизвиците, потребите и можностите за подобро вклучување на младите лица со попреченост во локалните младински активности.
Состанокот има за цел да создаде простор за дијалог помеѓу:
младинските центри, и дневните центри и организации кои работат со лица со попреченост од Југоисточен и Полошки регион, со цел заеднички да се мапираат потребите за поинклузивна младинска работа.
Преку оваа средба учесниците ќе имаат можност да:
ги споделат своите искуства и предизвици во работата со лица со попреченост
ги идентификуваат потребите на младите лица со попреченост на локално ниво
ги мапираат постојните ресурси и потенцијали во младинските центри
разменат добри практики и идеи за подобрување на инклузивноста во младинските активности
Средбата ќе претставува безбеден простор за отворен дијалог, со цел да се создаде основа за идни активности кои ќе ги зајакнат капацитетите на младинските работници за работа со мешани групи на лица со попреченост и лица со типичен развој.
Информациите и заклучоците од состанокот ќе бидат дел од извештај за проценка на потребите, кој ќе послужи како основа за планирање на следните фази од проектот, вклучително и развој на програми за обука и активности за унапредување на инклузивната младинска работа.
Датум: 03.04.2026
Формат: Онлајн состанок
Време: 14:00 – 16:00 часот
Пријавете се најдоцна до 02.04.2026 на следниот линк:
https://forms.gle/gEg6yBz8DyD5ePxX8
На состанокот се поканети:
претставници од младински центри од Југоисточен и Полошки регион
претставници од дневни центри и организации кои работат со лица со попреченост
Важно е да се напомене дека овој состанок е наменет исклучиво за организации и центри од Југоисточен и Полошки регион, додека во наредните недели ќе бидат организирани дополнителни состаноци и за останатите региони во државата.
За да учествувате на состанокот, потребно е да ја пополните следната пријава:
🔗 Линк за пријава: https://forms.gle/gEg6yBz8DyD5ePxX8
По пријавата, сите учесници ќе добијат дополнителни информации и линк за приклучување на состанокот.