Центарот за младински активизам КРИК објавува повик за младински работници и работнички да се приклучат на проектот Youth Rock, Let’s Roll, насочен кон зајакнување на младинското учество, инклузијата и зеленото застапување.
Проектот Youth Rock, Let’s Roll има за цел да ги зајакне младите со и без попреченост активно да учествуваат во инклузивни зелени иницијативи и да придонесат кон создавање поодржливи заедници. Преку практични знаења, вештини и партиципативни механизми, учесниците ќе добијат алатки за ефективно делување на локално ниво.
Оваа иницијатива е дел од пошироката мисија на Gear-UP!, која се фокусира на развој на глобално граѓанско образование за одржлив развој. Проектот ги поврзува младите од Западен Балкан со Европската Унија, придонесувајќи кон подобро разбирање на ЕУ политиките, демократското учество и зајакнување на капацитетите за справување со регионални и глобални предизвици.
Општа цел:
Да се зајакне младинското учество и инклузијата преку инклузивни зелени активности што промовираат еколошка и социјална правда.
Специфични цели:
Да се изградат капацитетите на 10 младински работници за зелено застапување и инклузивно учество
Да се подобри дијалогот меѓу младите и локалните институции преку дигитална алатка за пријавување и мониторинг на еколошки проблеми
Повикот е наменет за:
младински работници и работнички
членови и членки на граѓански организации
📍 Пријавувањето е отворено за лица од Скопје, Вардарскиот и Источниот регион.
За учество во проектот, потребно е да ја пополните онлајн апликацијата на следниот линк:
👉 https://forms.gle/BQV5F1h6cDEPWGay9
📅 Рокот за пријавување е 31 март.
Избраните кандидати ќе бидат дополнително контактирани од страна на ЦМА КРИК.
Селектираните учесници ќе имаат можност да учествуваат на обука која ќе се одржи:
📍 Осоговски конак, Пониква
📅 15 – 17 април
Оваа обука ќе им овозможи на учесниците да стекнат практични знаења и вештини за зелено застапување, инклузивно учество и ефективна комуникација со институциите.
🌍 Доколку сакаш да бидеш дел од позитивни промени во твојата заедница и да придонесеш кон поинклузивна и поодржлива иднина – ова е твојата можност!