Центарот за младински активизам КРИК објавува повик за ангажирање обучувач/ка за подготовка и реализација на тродневна обука за младински работници, во рамки на проект насочен кон инклузија, младинско учество и локални зелени иницијативи.
Доколку имате искуство во работа со млади, спроведување обуки и развој на партиципативни пристапи – ве охрабруваме да се пријавите и да станете дел од овој значаен процес на јакнење на младинската работа.
Проектот Youth Rock, Let’s Roll има за цел да ги зајакне младите со и без попреченост активно да учествуваат во инклузивни зелени иницијативи и да ја унапреди соработката со локалните власти преку практични знаења, вештини и механизми за учество.
Акцијата придонесува кон пошироката мисија на Gear-UP!, насочена кон развој на Глобално граѓанско образование за одржлив развој. Преку поврзување на младите од Западен Балкан со Европската Унија, проектот го подобрува нивното разбирање за ЕУ политиките и демократското учество, истовремено зајакнувајќи ги нивните капацитети за одговор на регионалните и глобалните предизвици.
Повеќе за проектот тука:https://tinyurl.com/mrxhkax2
Обуката ќе се одржи од 15 до 17 април 2026 година, во Осоговски Конак, Пониква, со учество на 10 младински работници.
Фокусот на обуката ќе биде ставен на:
Основи и улога на младинската работа
Инклузивни пристапи во работа со млади
Развој и спроведување локални иницијативи
Зелени и одржливи акции во заедницата
Планирање на следни чекори
Целта е учесниците да стекнат практични алатки и знаења кои ќе можат веднаш да ги применат во своите локални заедници.
Избраниот обучувач/ка ќе биде одговорен/на за:
Подготовка на детална програма и агенда
Развој на методологија, алатки и практични примери
Реализација на тридневната обука
Подготовка на краток финален извештај со препораки
Се очекува обучувачот/ката да примени интерактивен и инклузивен пристап, кој ќе овозможи активно учество и размена на искуства меѓу учесниците.
Кандидатите треба да поседуваат:
Искуство во спроведување обуки и работилници
Искуство во работа со млади, граѓански организации или јавни политики
Познавање на инклузивни и партиципативни пристапи
Способност за јасно пренесување на информации и работа со групи
За реализација на ангажманот е предвиден вкупен хонорар од 450 евра, кој ги опфаќа подготовката, реализацијата и изработката на финалниот извештај.
Заинтересираните кандидат(к)и треба да испратат апликација најдоцна до 8 април 2026 година на:
📧 employmentkrik@gmail.com
(со назнака: Апликација – Обучувач/ка на младински работници/чки)
Апликацијата треба да содржи:
Кратка биографија (CV)
Краток предлог за методологија
Апликациите ќе бидат разгледани од тричлена селекциска комисија составена од претставници на КРИК. Кандидатите ќе се оценуваат врз основа на:
Релевантно образование
Претходно искуство
Квалитет на предложената методологија
По потреба – кратко онлајн интервју
Доколку сакате да придонесете кон развој на инклузивна, зелена и активно вклучена младинска заедница – ова е можност да го споделите вашето знаење и искуство.
Ве очекуваме! 🌍💚