„Инклузивно Скопје – поддршка за самостоен живот на лицата со попреченост“ е проект на Центарот за младински активизам ЦМА КРИК, насочен кон обезбедување континуирана, бесплатна и професионална поддршка за лица со попреченост над 18 години од територијата на Град Скопје. Проектот придонесува кон развој на животни и социјални вештини, поголема самостојност и активно учество во заедницата.
Активностите се реализираат во Центарот за окупациона терапија „Крикни“, кој претставува дневен простор за структурирана и инклузивна поддршка, прилагодена на индивидуалните потреби на секој корисник.
Обезбедување континуирана и достапна поддршка за лица со попреченост;
Развој на животни, функционални и социјални вештини;
Поттикнување поголема самостојност и независност;
Намалување на социјалната изолација;
Поддршка на семејствата и негувателите;
Создавање поинклузивна локална заедница.
Во рамки на проектот се реализираат:
Индивидуални и групни сесии по окупациона терапија;
Арт и креативни работилници;
Активности за развој на комуникациски и социјални вештини;
Хортикултурни и практични активности;
Инклузивни активности во заедницата;
Психолошка поддршка и советување за семејствата.
Проектот е наменет за лица со попреченост на возраст од 15 до 45 години од територијата на Град Скопје, како и за нивните семејства. Директно се опфатени најмалку 20 корисници, додека индиректна поддршка добиваат и нивните семејства и негуватели.
Проектот придонесува кон зголемена самостојност, подобрени комуникациски и социјални вештини, намалена социјална изолација и поголемо активно учество на лицата со попреченост во заедницата. Истовремено, се обезбедува поддршка и за семејствата, особено за негувателите, и се придонесува кон развој на инклузивно и солидарно Скопје.
Проектот „Инклузивно Скопје – поддршка за самостоен живот на лицата со попреченост“ се реализира со финансиска поддршка од Град Скопје преку јавниот повик за финансирање на социјални услуги, додека просторот на Центарот за окупациона терапија „Крикни“ е обезбеден од Општина Кисела Вода.