Позиција: Обучувaч/ка за обука на тема "Јавно застапување и градење на коалиции за организации што работат со и за лица со попреченост"
Проект: CORDIAL – Создавање можности регионално за инклузија и застапување на лица со попреченост
Рок за аплицирање: 05 мај 2025
Начин на аплицирање: employmentkrik@gmail.com
Датум на реализација на обуката: 13–14 мај 2025
За проектот
Проектот CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation е регионална иницијатива финансирана од Европската Унија преку ИПА програмата, која има за цел да го поттикне регионалниот дијалог, застапување и институционално вмрежување за унапредување на социјалната инклузија и правата на лицата со попреченост.
Проектот го координира Caritas Србија, а партнери се:
• Каритас БиХ (Босна и Херцеговина)
• Каритас Косово (Косово)
• Каритас Црна Гора (Црна Гора)
• Македонски Каритас
• Центар за младински активизам КРИК (Македонија)
• Форум на млади со инфалидитет – YDF (Србија)
како и партнери од Европската Унија.
За активноста
Како дел од сетот тематски обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации и мрежи, ќе се организира дводневна обука на тема:
„Јавно застапување и градење на коалиции за организации што работат со и за лица со попреченост“.
Целта на обуката е да им помогне на организациите да развијат вештини и структури за:
разбирање на процесот на јавно застапување и влијание врз креирање политики,
градење коалиции и партнерства со други организации и засегнати страни,
развивање јасни застапувачки пораки, цели и планови,
користење алатки за комуникација со јавност, институции и медиуми,
воспоставување долгорочни застапнички иницијативи и соработка.
На обуката се очекува учество од 10 – 15 учесници од организации од земјата.
Цел на повикот
За подготовка и реализација на оваа обука, Центар за младински активизам КРИК објавува јавен повик за ангажирање на обучувач кој ќе биде одговорен за:
• развивање на дводневна програма и план на сесии,
• подготовка на практични алатки и примери од застапувачки процеси,
• фацилитирање на обуката,
• подготовка на кратка анализа на постоечки иницијативи, мрежи, коалиции и можности за заедничко застапување,
• изработка на финален извештај со препораки и заклучоци.
Главни задачи и одговорности
• Подготовка на детална програма и агенда за два дена
• Подготовка на содржини, примери и алатки за застапување и коалициско делување
• Фацилитирање на сесиите во живо
• Поттикнување на активна дискусија, работа во групи и размена на искуства
• Изработка на кратка анализа (desk research) за постојни платформи и примери на успешни коалиции
• Изработка на финален извештај со препораки и заклучоци
Потребни квалификации
• Високо образование во општествени науки, јавни политики, комуникации, социјални науки или сродни области
• Искуство во јавно застапување, коалициско делување и работа со граѓански организации
• Искуство во фацилитирање на обуки, работилници или јавни настани
• Одлични комуникациски и презентациски вештини
Пожелно (но не задолжително)
• Искуство во медиумска комуникација и креирање застапувачки пораки
• Познавање на принципите на социјална инклузија и права на лица со попреченост
Надоместок и времетраење
На избраниот обучувач ќе му биде исплатен вкупен хонорар од 600 евра, кој ќе се распределува по активности на следниот начин:
• 600 евра за реализација на обуката (по 300 евра од ден од обуката)
Аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават апликација по пошта на следната физичка адреса: Св. Наум Охридски Б.Б, 1000 Скопје или по електронски пат, најдоцна до 05 мај 2025 година, на следната адреса: employmentkrik@gmail.com
(со назнака: Апликација – Обучувач).
Апликацијата треба да содржи:
• Кратка биографија (CV);
• Краток предлог методологија и пристап кон темата;
Процес на селекција
По завршување на рокот, сите пристигнати апликации ќе бидат разгледани од тричлена селекциска комисија.
Апликациите ќе се оценуваат според следните критериуми:
1. Релевантно образование и професионални квалификации (30%)
2. Искуство во фацилитација и работа со институции/ГО (30%)
3. Квалитет на предложената методологија (30%)
4. Резултати од спроведено интервју (10%)
Избраните кандидати ќе бидат повикани на кратко онлајн интервју (Zoom/Teams) за дополнителна проценка на пристапот и експертизата.
Датум на објава: 30 април 2025