Позиција: Обучувaч/ка за обука на тема „Управување со услугите и потребите базирани на заедницата“.
Проект: CORDIAL – Создавање можности регионално за инклузија и застапување на лица со попреченост
Рок за аплицирање: 06 јуни 2025
Начин на аплицирање: employmentkrik@gmail.com
Датум на реализација на обуката: 17–18 јуни2025
За проектот
Проектот CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation е регионална иницијатива финансирана од Европската Унија преку ИПА програмата, која има за цел да го поттикне регионалниот дијалог, застапување и институционално вмрежување за унапредување на социјалната инклузија и правата на лицата со попреченост.
Проектот го координира Caritas Србија, а партнери се:
• Каритас БиХ (Босна и Херцеговина)
• Каритас Косово (Косово)
• Каритас Црна Гора (Црна Гора)
• Македонски Каритас
• Центар за младински активизам КРИК (Македонија)
• Форум на млади со инфалидитет – YDF (Србија)
како и партнери од Европската Унија.
Како дел од сетот тематски обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации и сервис провајдери, ќе се реализира дводневна обука на тема:
„Управување со услугите и потребите базирани на заедницата“.
Оваа обука има за цел да им помогне на организациите да ги унапредат своите вештини во развивање, планирање и имплементација на услуги во заедницата, кои се насочени кон лица со попреченост и нивните семејства.
Обуката ќе обработи теми како:
анализа на потреби на локално ниво,
развивање и подобрување на услуги базирани на заедницата,
модели на управување со услуги и координација со институции,
следење на квалитет и ефекти од услугите,
вклучување на корисниците и семејствата во процесот на планирање.
На обуката ќе учествуваат 10 – 15 претставници од организации и локални засегнати страни.
Центар за младински активизам КРИК објавува јавен повик за ангажирање на обучувач кој ќе биде одговорен за:
• развивање на дводневна програма и план на сесии,
• подготовка на методологија, алатки и практични примери од услуги базирани на заедницата,
• фацилитирање на обуката,
• подготовка на кратка анализа на постоечки услуги и потенцијали на локално ниво (desk research),
• изготвување финален извештај со препораки и заклучоци.
• Развивање на детална програма и агенда за два дена
• Подготовка на содржини и алатки за анализа на потреби и управување со услуги
• Фацилитирање на интерактивни сесии, групна работа и дискусии
• Подготовка на документ-анализа за локални услуги и постоечки модели
• Изработка на финален извештај со резиме, препораки и заклучоци
• Високо образование во области како социјални политики, јавни политики, општествени науки или сродно
• Искуство во развој или управување со услуги во заедницата
• Искуство во работа со граѓански организации и институции
• Искуство во фацилитирање на обуки или работилници
• Претходно искуство во работа со услуги насочени кон лица со попреченост
• Искуство со методологии за анализа на потреби на корисници и заедници
Надоместок и времетраење
На избраниот обучувач ќе му биде исплатен вкупен хонорар од 600 евра, кој ќе се распределува по активности на следниот начин:
• 600 евра за реализација на обуката (по 300 евра од ден од обуката)
Аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават апликација по пошта на следната физичка адреса: Св. Наум Охридски Б.Б, 1000 Скопје или по електронски пат, најдоцна до 06 јуни 2025 година, на следната адреса: employmentkrik@gmail.com
(со назнака: Апликација – Обучувач).
Апликацијата треба да содржи:
• Кратка биографија (CV);
• Краток предлог методологија и пристап кон темата;
Процес на селекција
По завршување на рокот, сите пристигнати апликации ќе бидат разгледани од тричлена селекциска комисија.
Апликациите ќе се оценуваат според следните критериуми:
1. Релевантно образование и професионални квалификации (30%)
2. Искуство во фацилитација и работа со институции/ГО (30%)
3. Квалитет на предложената методологија (30%)
4. Резултати од спроведено интервју (10%)
Избраните кандидати ќе бидат повикани на кратко онлајн интервју (Zoom/Teams) за дополнителна проценка на пристапот и експертизата.
Датум на објава: 15 мај 2025