📢 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ ВО ТУРЦИЈА
за млади лица со попреченост (18–30 години) заедно со лице за поддршка
Центар за младински активизам КРИК објавува отворен повик за учество во краткорочен волонтерски ангажман во Турција, во рамки на проекти финансирани од Европскиот солидарен корпус (ESC). Повикот е наменет за млади лица со попреченост, кои се пријавуваат заедно со свое лице за поддршка (родител, член на семејство, личен асистент или блиска личност).
📍 ЛОКАЦИИ И БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ
🇹🇷 Анкара - 4 лица со попреченост и 4 лица за поддршка
🇹🇷 Анталија - 5 лица со попреченост и 5 лица за поддршка
👉 Вкупно: 9 лица со попреченост + 9 лица за поддршка
🤝 ОРГАНИЗАЦИИ ДОМАЌИНИ
Волонтерските активности ќе се реализираат во соработка со:
Federation of Associations for the Disabled (EDF)
Foundation for Education, Culture, Health and Sports for the Disabled (VAKIF)
Организациите работат со деца, млади и возрасни лица со попреченост во областа на: рехабилитација, образование, психо-социјална поддршка, спорт и рекреација, дневни активности и социјализација.
Организациите располагаат со пристапна инфраструктура, стручен кадар (психолози, физиотерапевти, социјални работници, спортски тренери, музичари) и имаат ESC Quality Label сертификат.
🧩 ШТО ЌЕ ПРАВАТ УЧЕСНИЦИТЕ?
Лицата со попреченост и нивните лица за поддршка ќе бидат вклучени во:
дневни активности во центри за лица со попреченост
креативни, едукативни и рекреативни работилници
социјални активности, излети и културна размена
поддршка на стручниот тим во секојдневните активности
📌 Активностите се прилагодени според можностите и индивидуалните потреби на учесниците.
👥 ЛИЦЕ ЗА ПОДДРШКА
Лицето со попреченост аплицира заедно во пар со лице за поддршка. Лицето мора да има најдено лица за поддршка во фазата на апликација. Нема ограничување на возраст за лицето за поддршка.
Лицето за поддршка:
не мора да биде волонтер или професионалец
мора веќе да го познава учесникот
може да биде родител, брат/сестра, близок роднина, пријател или личен асистент
👉 Лицето за поддршка има клучна улога во обезбедување безбеден, поддржувачки и пријатен престој.
🏠 СМЕСТУВАЊЕ
Учесниците ќе бидат сместени во апартмани/станови во рамки или во близина на центрите, со: повеќекреветни соби, кујна, заеднички простории, пристапна и безбедна околина. Сместувањето е прилагодено за лица со физички и сензорни попречености.
🚍 ПРЕВОЗ
Обезбеден е:
превоз со минибус од Северна Македонија до Турција и назад
или
комбинирана опција (авион + минибус), во договор со групата и во зависност од логистичките можности.
🗓 ПЕРИОД НА РЕАЛИЗАЦИЈА
📅 Волонтирањето ќе се реализира во втората половина на јануари 2026 година.
Точните датуми ќе бидат дополнително договорени со избраните учесници и партнер-организациите.
Време на волонтирање: 30 дена од започнувањето
📝 КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?
Пријавувањето се врши преку кратка online форма, која ја пополнува родителот или лицето за поддршка.
📌 Рок за пријавување:
🟢 до 01.01.2026
По затворањето на повикот, пријавените ќе бидат контактирани за краток разговор и дополнителни појаснувања.
🔗 ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Повеќе детали за организациите домаќини, просторот, активностите и условите за престој можете да најдете на следните линкови:
📩 КОНТАКТ
Центар за младински активизам Крик
📧 evskrik@gmail.com