Здружението Центар за социјални иницијативи – ЦСИ НАДЕЖ, Скопје и Здружението Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопјеза потребите на проектот ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, објавува:
Повик 8/2024: за 4 (четири) тематски експерти за изработка на Прирачник за обука за зелено застапување и спроведување зелени локални иницијативи
Информации за проектот:
ИМЕ: ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
НОСИТЕЛ: Центар за младински активизам ЦМА КРИК, Скопје
ПАРТНЕРИ: Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје
ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас
ЦЕЛНА ГРУПА
− стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците,
− единиците на локална самоуправа - општините,
− давателите на социјални услуги и корисниците,
− младинските работници и
− младите.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 01.12.2023 година – 30.09.2026 година
Проектната идеја e обид да се пилотира и воведе зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и резилиентност од овие промени.
Главната цел на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.
Информации за ангажманот –тематски експерти за изработка на Прирачник за обука за зелено застапување и спроведување зелени локални иницијативи
НАБАВУВАЧ
1. Здружение Центар за социјални иницијативи -ЦСИ НАДЕЖ, Скопје со седиште на ул. „Гвадалахара“ бр. 20, Шуто Оризари, Скопје, застапувано од Марина Бојанова, претседател на здружението
2. Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопјесо седиште на ул. „11ти Октомври“ бр. 42 А, Центар, Скопје, застапувано од Наташа Павиќевиќ - Стојменовска, претседател на здружението
ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА
1. Главни активности на експертите
Предмет на набавката е експертски ангажман[1] нa четири лица– експерти за изработка на прирачник за обука за зелено застапување и спроведување зелени локални иницијативи, со цел воведување на концептот на зелена социјална работа во системот на социјална заштита, вклучително и кај давателите на социјални услуги и воведување на „зелениот“ концепт во младинската работа. Целни групи на обуките се учесници од сите 8 (осум) плански региони:
претставници од системот на социјална заштита (ЦСР и установи за социјална заштита),
даватели на социјални услуги – здруженија на граѓани (лична асистенција, помош и нега во домот, центри за дневен престој, живеење со поддршка, советување и др.) и
младински работници.
За исполнување на ангажманот кој е предмет на овој повик, секој од експертите/ките ќе треба да ги спроведе следните работни задачи, во својата област:
Составување методологија согласно предлог-методологијата на повикот за изработка на тематски целини на прирачник за обука за застапување и спроведување зелени локални иницијативи во својата експертска област;
Подготовка на содржини на прирачник за обука за застапување и спроведување зелени локални иницијативи во својата експертска област, согласно утврдената методологија и согласно целните групи – учесници во обуките;
Редовна координација со секој од членовите на експертскиот тим;
Редовна координација и соработка со проектниот тим.
2. Период и вредност на ангажманот
Вкупниот ангажман на експертите ќе се спроведе во период од 25.11.2024 година до 31.03.2025 година, според следниот распоред на експертски денови:
Предвиден надомест за ангажманот е 6.670,00 МКД (шест илјади шестотини и седумдесет денари) БРУТО износ за 1 (еден) експертски ден.
НАПОМЕНА: На избраните експерти за изработка на Прирачник за обука за зелено застапување и спроведување зелени локални иницијативи ќе им биде даден приоритет да бидат ангажирани и како обучувачи во наредната фаза од спроведување на активноста Обука за зелено застапување и спроведување зелени локални иницијативи за што ќе следи дополнителен оглас и склучување нов договор за соработка.
3. Потребни квалификации за секој од експертите:
4. КРИТЕРИУМИ за избор на најповолен понудувач и доделување на договорот за соработка
Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови наведени во барањето
за поднесување на понудата. Во спротивно, понудата ќе се смета за нецелосна и неприфатлива.
Критериумот за доделување договор за набавката е според принципот „најдобро понудена услуга за цената“ (thebestvalueformoney-qualityratio). Вкупната оцена за исполнителноста на понудата ќе биде формирана според следните критериуми и бодови, со примена на формула за пресметување на бодовите за доделување на договор за соработка:
· Релевантно работно искуство согласно бараните критериуми и согласно професионалната биографија (CV) на кандидатот/ката. 40 бода
· Документ – предлог методологија, со временска рамка во однос на планирани активности за спроведување на проектната задача (оцена за содржината на документот). 40 бода
· Референтна листа на реализирани проекти, услуги, активности, публикации релевентани за повикот и позицијата за која аплицира кандидатот/ката. 10 бода
· Индивидуален online состанок со проектниот тим 10 бода
5. РОКОВИ
Рок за доставување на понудите 12.11.2024 година
Рок за избор на најповолен понудувач и известување 15.11.2024 година
Потпишување договор за соработка 25.11.2024 година
Рок за спроведување на активностите и испорака на услугата 25.11.2024 – 31.03.2025 година
Партнерските организации, носители на грантот го задржуваат правото на измена на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачите, во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект.
6. ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Понудата треба да содржи:
· професионална биографија (CV) на кандидатот/ката;
· документ – предлог методологија, со временска рамка во однос на планирани активности за спроведување на проектната задача;
· референтна листа на реализирани проекти, услуги, активности, публикации релевентани за повикот и позицијата за која аплицира кандидатот/ката;
Понудите се доставуваат во електронска форма на проектната електронска адреса zzzgreenadvocacy@gmail.com.Дописот со проследената понуда треба да биде насловена:
Понуда за број на повик 8/2024 – Тематски експерт од областа _________________________________
(се наведува областа на експертиза за којасе пријавува кандидатот/кандидатката)
Понудите треба да се достават до наведениот рок. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди кои нема да бидат изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат разгледувани и оценувани.
НАПОМЕНА:Предност имаат организациите носител и партнери на грантот.
Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Содржината на овој повик е единствена одговорност на Центарот за социјални иницијативи НАДЕЖ и Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.