ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ФАСИЛИТАТОР/КА и автор/ка на Needs Assessment Report
(Активност A1 – Мапирање на потреби)
Центар за младински активизам КРИК објавува повик за ангажман на фасилитатор/ка и експерт/ка за подготовка на needs assessment report, во рамки на проектот „Youth Centres for All“, поддржан преку Youth Alliance – Krusevo.
📌 За активноста
Активноста A1 има за цел мапирање на потребите на младинските центри и центрите за лица со попреченост во повеќе региони во Северна Македонија, со фокус на инклузивни практики во младинската работа.
Во рамки на активноста ќе се организираат еднодневни регионални состаноци, на кои ќе учествуваат:
младински работници од општински младински центри
професионалци од центри за лица со попреченост
Собраните податоци и наоди ќе послужат како основа за изработка на извештај за проценка на потреби (needs assessment report), кој ќе ги насочи следните проектни активности.
🎯 Одговорности
Избраното лице ќе биде ангажирано за:
Фасилитација (буџетска линија 4.1.3):
Подготовка и фасилитација на регионалните мапинг-состаноци;
Водење партиципативни дискусии и групна работа;
Поттикнување отворен дијалог помеѓу младински работници и претставници на центри за лица со попреченост;
Обезбедување инклузивен и безбеден простор за размена на искуства и ставови.
Подготовка на Needs Assessment Report (буџетска линија 4.1.4):
Систематизација и анализа на собраните информации од состаноците;
Идентификација на клучни потреби, предизвици и можности за инклузија;
Подготовка на јасен и структуриран извештај за проценка на потреби;
Формулирање заклучоци и препораки кои ќе се користат во понатамошните проектни активности.
👤 Профил на кандидатот
Искуство во фасилитација на групни процеси и консултативни средби;
Искуство во истражување, анализа или подготовка на извештаи (needs assessment, анализа на политики, проектни извештаи и сл.);
Познавање на младинска работа, социјална инклузија и/или работа со лица со попреченост;
Добри аналитички и писмени вештини;
Способност за работа со различни целни групи и чувствителни теми.
📅 Времетраење
Краткорочен ангажман поврзан со реализација на Активност A1;
Ангажманот ќе се реализира во периодот февруари - март 2026.
💶 Надомест
Надоместот е обезбеден согласно одобрениот проектен буџет, во рамки на:
4.1.3 – Фасилитација 27670 мкд бруто (9223 мкд по состанок)
4.1.4 – Подготовка на needs assessment report 12298 мкд бруто износ
📩 Аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Кратка биографија (CV);
Краток опис на релевантно искуство (фасилитација и/или подготовка на извештаи).
Апликациите се испраќаат на: employmentkrik@gmail.com