Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје и Здружението Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје за потребите на проектот ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, објавуваат:
Повик 7/2024: Две лица за развивање содржини на студии на случај како лесно читливи содржини
Ангажираните лице потребно е да изработа 10 кратки текстови (од три страници) во форма на студии на случај како лесно читливи содржини за позитивни практики на синергија, вмреженост и соработка во спроведувањето активности за заштита на животната средина и отпорност на климатските промени што постојат на локално ниво, со фокус на сите млади.
Информации за проектот:
ИМЕ: ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
НОСИТЕЛ: Центар за младински активизам ЦМА КРИК, Скопје
ПАРТНЕРИ: Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје
ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас
ЦЕЛНА ГРУПА
− стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците,
− локалните општини
− давателите на социјални услуги и корисниците и
− младинските работници и младите
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 01.12.2023 година – 30.09.2026 година
Проектната идеја e обид да се пилотира и воведе зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и резилиентност од овие промени.
Главната цел на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелена“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.
Информации за ангажманот - изработка на содржини – Секое од ангажираните лица потребно е да изработи по 5 (пет), односно двете ангажирани лица потребно е да изработат вкупно 10 (десет) кратки текстови (од три страници) во форма на студии на случај како лесно читливи содржини за позитивни практики на синергија, вмреженост и соработка во спроведувањето активности за заштита на животната средина и отпорност на климатските промени што постојат на локално ниво, со фокус на сите млади.
НАБАВУВАЧ
1. Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ – Скопје со седиште на ул. „Гвадалахара“ бр. 20, Шуто Оризари, Скопје, застапувано од Марина Бојанова, претседател на здружението
2. Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје со седиште на ул. „11ти Октомври“ бр. 42 А, Скопје, застапуванo од Наташа Павеќевиќ - Стојменовска, претседател на здружението
ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА
1. Главни активности на лицата за развивање содржини на студии на случај како лесно читливи содржини[1]:
Изработка на содржини:
Секое од двете ангажирани лица потребно е да изработи 5 (пет) или вкупно 10 (десет) кратки текстови (од три страници) во форма на студии на случај како лесно читливи содржини за позитивни практики на синергија, вмреженост и соработка во спроведувањето активности за заштита на животната средина и отпорност на климатските промени што постојат на локално ниво, со фокус на сите млади.
Предвиден надомест за лицето/лицата што ќе развиваат студии на случај како лесно читливи содржини е 3.000,00 МКД (три илјади денари) во бруто износ за 1 (една) студија на случај.
Период на ангажманот на лицата кои ќе развиваат студии на случај како лесно читливи содржини: 29.10.2024 година до 29.11.2024 година.
2. Потребни квалификации на лицата кои ќе развиваат студии на случај како лесно читливи содржини:
· Завршени додипломски студии.
Искуство во изработка/ пишување студии на случај, поткрепено со референца.
Искуство во изработка/пишување лесно читливи содржини, поткрепено со референца.
· Одлични јазички и писмени вештини, поддржани со референца.
КРИТЕРИУМИ за избор на најповолен понудувач и доделување на договорот за соработка
Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови наведени во барањето за поднесување на понудата. Во спротивно, понудата ќе се смета за нецелосна и неприфатлива.
Критериумот за доделување договор за набавката е според принципот „најдобро понудена услуга за цената“ (the best value for money-quality ratio). Вкупната оцена за исполнителноста на понудата ќе биде формирана според следните критериуми и бодови, со примена на формула за пресметување на бодовите за доделување на договор за соработка:
· Искуството на кандидатите во изработка/пишување студии на случај и лесно читливи содржини 40 бода
· Индивидуален online состанок со проектниот тим 40 бода
· Референтна листа. 20 бода
РОКОВИ
Рок за доставување на понудите 18.10.2024 година
Рок за избор на најповолен понудувач и известување 21.10.2024 година
Потпишување договор за соработка 28.10.2024 година
Рок за спроведување на активностите и испорака на услугата 29.10.2024 – 29.11.2024 година
Партнерските организации, носители на грантот го задржуваат правото на измена на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачите, во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Понудата треба да содржи:
· професионална биографија (СV) на кандидатот/кандидатката на повикот;
· референтна листа за поткрепа на потребното искуство на кандидатот/кандидатката, согласно точка 2 од Предмет на набавката.
Понудите се доставуваат во електронска форма на проектната електронска адреса zzzgreenadvocacy@gmail.com.Дописот со проследената понуда треба да биде насловена: Понуда за број на повик 07/2024 – Лица за развивање содржини на студии на случај како лесно читливи содржини. Понудите треба да се достават до наведениот рок. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди кои нема да бидат изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.
НАПОМЕНА: Предвидени се 2 (две) лица за ангажирање на дадениот повик; едно од избраните лица ќе потпише договор за соработка со Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ – Скопје, а другото избрано лице ќе потпише договор за соработка со Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје. Во случај да нема пријавено доволно кандидати и/или доколку не може да се направи избор на две лица за развивање содржини на студии на случај како лесно читливи содржини, можно е да се направи избор на едно лице за целокупниот предвиден ангажман. Предност имаат организациите носител и партнери на грантот.
Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Содржината на овој повик е единствена одговорност на Центарот за социјални иницијативи НАДЕЖ и Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
[1] Државни службеници и/или останатите заинтересирани лица што се тековно вработени во јавната администрација може да аплицираат на повикот доколку прикажат/потврдат дека се во можност да ги исполнат должностите/активностите надвор од работните обврски, односно, надвор од работното време согласно законите (10 часа неделно).