🌅ПОМОГНИ НИ ДА ОСТВАРИМЕ КАМПУВАЊЕ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ⛺
Затоа што не смее да пројде лето без зајдисонце на плажа🌅, мирисот на езеро🌊, другарување покрај логорски оган🔥, кајакарење🚣, кампување во природа🏕️ и глетката на ѕвездите навечер 🌠. За многу лица кои живеат со попреченост, ваквите радости сè недостижни без подршка, организација и финансиска помош! Но, ние веруваме дека секој заслужува летна авантура – и затоа оваа година, благодарение на нашите пријатели од Амбасадата на Шпанија во Северна Македонија, ОСТВАРУВАМЕ КАМПУВАЊЕ!
📍Од 11-ти до 15-ти август во прекрасниот Извиднички камп во Охрид, повторно се среќаваме под отворено небо за едно незаборавно инклузивно искуство.
И оваа година ги здруживме силите од двете иницијативи „Летни младински инклузивни кампови“ и „Одмори се“ за да обезбедиме ОДМОР ЗА СИТЕ! Млади и повозрасни лица со попреченост ќе имаат можност да го почувствуваат духот на авантурата, пријателството и природата – можност која често им е ускратена.
👉 Но има еден мал предизвик кој мораме заеднички да го надминеме: ни недостасуваат шатори!
За да обезбедиме безбеден и удобен камп за сите учесници, потребни ни се 70.000 денари за набавка на шатори и трошоци за транспорт од Декатлон во Солун.
Ние од прва рака сведочиме колку значи ова летување – и за лицата со попреченост, и за младите со типичен развој кои се приклучуваат. Поддршката, пријателствата, радоста и возбуда во тие неколку дена создаваат врски што траат долго по завршувањето на кампот. Нашите корисници цела година нè прашуваат: „Ќе има ли пак камп?“ – и токму тоа нè мотивира да го правиме ова секоја година, без прекин.
Погледнете како нашите млади кампери си поминаа минатата година на нашата авантура. 📽️ ВИДЕО
Не е доволно еднаш да се овозможи летна радост. Лицата со попреченост заслужуваат континуиран одмор, исто како и сите други. Тие не треба да поминуваат уште едно лето затворени во градот, живеејќи само од спомени. Наша обврска е да го направиме ова норма, а не исклучок.
"Остваруваме кампување" е повеќе од иницијатива – тоа е повик за инклузивност, еднакви можности и радост. Со помош на донатори веќе обезбедивме храна, транспорт и професионална поддршка, и сега нашите цели се следните:
🔹 Собираме средства за набавка на шатори
🔹 Градиме заедница без бариери
🔹 Ги зајакнуваме нашите другари да учествуваат рамноправно во животот
Тука сте важни вие! Вашиот придонес – мал или голем – може да донесе шатор и насмевка на лицата кои долго сонувале за вакво искуство. Еве како можете да помогнете:
✨ Донирајте на следниот линк ➡️ [ЕCROWD]
🎁 За донации над 500 денари – добивате рачно изработен накит од нашите корисници
🎁 За донации над 1000 денари – добивате уникатна уметничка слика
За да го подигнете подарокот, пратете ни мејл со контакт и screenshot од вашата донација од 500 или 1000 денари на infokrikcenter@gmail.com.
💌 Споделете:
Објавете ја нашата иницијатива, поканете пријатели, информирајте го вашиот тим, училиште, канцеларија. Нека секој слушне дека ова лето не оставаме никого зад себе.
ЦМА Крик поддржува над 15 лица со попреченост во три мали групни домови, заедно со тим од негуватели, окупациони терапевти и физиотерапевти. Работиме секојдневно на вклучување во заедницата, уметнички активности, работна терапија и социјализација. Нашиот центар е отворен за сите лица со попреченост кои сакаат да учествуваат, да создаваат музика, накит, уметност и – да припаѓаат.
📲 Повеќе за нас:
🔗 Facebook: https://www.facebook.com/CYA.KRIK/
🔗 Instagram: https://www.instagram.com/cya_krik/
📩 За дополнителни информации: infokrikcenter@gmail.com
✨Ајде заедно да овозможиме уште едно лето полно со насмевки, музика, езеро и логорски приказни!