📢 Центар за младински активизам Крик објавува повик за експерт за спроведување консултативни средби и истражување и експерт/лице одговорно за маркетинг.
За целите на проектот, ЦМА Крик спроведува отворен повик за експерт за спроведување консултативни средби и истражување, кое ќе ги согледа перспективите за локалните политики и практики, и ќе ги мапира клучните предизвици и барања на младите луѓе од Општина Кисела Вода и лице одговорно за маркетинг кое ќе ги презентира резултатите кои ќе произлезат од проектот. 🙋♀️🙋♂️
Општа цел на проектот:
Вклучување на младите во процесите на креирање на јавни политики во Општина Кисела Вода
Специфични цели:
Воспоставување на комуникација помеѓу младите и општината и креирање на инклузивни младински политики
Воспоставување на механизми за младинско учество во соработка со ГО и Општина Кисела Вода
Зголемување на свесноста кај младите за постоечките механизми и обврските на локалните власти за нивно воспоставување и одржување
Повикот е дел од проектот „Јас и мојата Кисела Вода“, кој е финансиран од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) во рамки на проектот „Заедници инклузивни за млади“ во соработка со Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола, Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар. ⭐
Позиции:
Експерт за спроведување консултативни средби и истражување
Избраниот експерт ќе биде одговорен за спроведување на следните активности: 10 консултативни средби со млади во општина Кисела Вода, 3 консултативни средби со млади на централни точки, 5 работни средби со советници од Кисела Вода, 3 работни средби со граѓански организации, спроведување на истражување поврзано со младинско учество на локално ниво во Општина Кисела Вода.
Лице одговорно за маркетинг
Избраното лице за маркетинг ќе биде одговорно за промовирање на онлајн кампањата за преставување на механизмите за младинско учество според ЗМУМП, и промоција на финалниот настан и сите други настани од проектот.
Начин на апликација:
Понудата треба да содржи:
Професионална биографија (CV) на кандидатот/ката;
Финансиска понуда. (важи само за лицето "експерт за спроведување консултативни средби и истражување")
Комплетираната документација се доставува физички во канцелариите на Центар за младински активизам ЦМА Крик, Св. Наум Охридски Б.Б, 1000 Скопје.
Рок за апликација за двете позиции е 25.12.2023.