Се бараат мотивирани лица за две работни позиции во рамки на сервис за поддржано живеење за лица со попреченост: 1 Координатор на сервисот и 1 Асистент на сервисот.
Услугата се реализира во 4 станбени единици со вкупно 20 корисници, со фокус на квалитетна поддршка, достоинство и активно вклучување во заедницата.
Координаторот е одговорен за целокупното функционирање на станбените единици, организација на тимот и обезбедување квалитетна и континуирана грижа за корисниците.
координација и надзор на секојдневното функционирање на станбените единици
грижа за логистиката на становите (организирање поправки, мајстори и набавка на сè што е потребно за нормално функционирање – храна, терапија, хигиенски средства и сл.)
организација и поддршка на тимот на негуватели:
подготовка и следење на распоред на смени
следење на квалитетот на работата
организирање обуки по потреба
посредување и решавање на евентуални меѓусебни конфликти
постојана комуникација и соработка со релевантни институции (Центри за социјална работа, здравствени институции и други служби)
водење уредна стручна документација и подготовка на месечни и годишни извештаи за корисниците
координација на здравствената грижа:
закажување и придружување на корисници на лекарски прегледи (редовни и итни)
комуникација со матични лекари и специјалисти
обезбедување и следење на терапија
следење на потребите, адаптацијата и општата благосостојба на корисниците
иницирање и развој на можности за унапредување на услугата (проекти, донации, партнерства, нови активности)
завршено средно или високо образование
предност ќе имаат кандидати од следните профили:
социјален работник, психолог, педагог, дефектолог, логопед, правник
искуство во работа со лица со попреченост и/или во водење здравствена грижа е предност
развиени организациски и комуникациски вештини
способност за подготовка на официјална документација и поднесоци
одговорност, самостојност и тимски дух
58.000 – 70.000 МКД бруто износ (пред законски одбитоци) во зависност од квалификациите и искуството
(договор за вработување или договор на дело) се договара со кандидатот и влијае на конечниот нето-износ.
Напомена:
за стручен кадар (профили наведени погоре) задолжително е редовно вработување
бруто сумата ги вклучува сите придонеси
директна поддршка на корисниците во секојдневните активности
поддршка на Координаторот во секојдневното функционирање на сервисот
учество во планирање и набавка на храна за корисниците
придружување на корисниците на закажани и итни лекарски прегледи
комуникација со матични лекари и специјалисти за потребите на корисниците
водење и администрирање на здравствена евиденција (извештаи, резултати, досиеја)
следење на адаптацијата, здравствената состојба и развојот на корисниците
водење уредна дневна евиденција за извршените активности
организација и поддршка на активности за личен и социјален развој
(прошетки, кратки излети, активности во заедницата и сл.)
вклучување во активности за подигнување на јавната свест за лицата со попреченост
завршено средно или високо образование
искуство во работа и/или здравствена грижа за лица со попреченост е предност
емпатија, одговорност и подготвеност за тимска работа
можност за полно или скратено работно време
(со опција за ангажирање на двајца асистенти со поделени обврски)
бруто надомест (пред законски одбитоци) за полно работно време: 46.000 МКД
за договор за вработување или договор на дело се договара заедно со кандидатот.
Двете позиции вклучуваат телефонска достапност по работно време, на ротациска основа
(една недела координатор / една недела асистент).
Ова не подразбира физичко дежурство, туку реагирање само во итни ситуации.
Вообичаено, вакви интервенции се случуваат ретко (1–2 пати месечно или поретко) и се пресметуваат како дополнителни часови работно време.
Рок за аплицирање: 6-ти февруари - 2 недели од денот на објавување на повикот.
Апликациите се разгледуваат континуирано, а кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикувани на интервју по редослед на пристигнување.
Се препорачува аплицирање што е можно порано.
📩 Апликации (CV + кратко мотивациско писмо) на:
employmentkrik@gmail.com
Наслов на мејлот:
Име на позицијата – Име и презиме
(пр. Координатор – Петар Петровски)