Центар за младински активизам Крик е приватен давател на социјалната услуга живеење со 24-часовна поддршка за лица со попреченост. Нашите станбени единици со љубов ги нарекуваме Домчиња - топли и сигурни простори во кои луѓето добиваат поддршка, грижа и чувство на припадност.
Со радост објавуваме повик за вклучување на пет нови лица во нашето ново, четврто Домче, лиценцирано и подготвено да обезбеди достоинствено домување.
🏡 Локација: околина на Капитол Мол, Аеродром – Скопје
🛋️ Сместување: стан на приземје со 2 посебни соби и дневна соба
👩🦽 За кого: лица со попреченост кои имаат потреба од долгорочно домување, од било кое место во Македонија
👩⚕️ Грижа: 24-часовна поддршка од негуватели и координатор – стручно лице
🍲 Исхрана: обезбедени 3 оброци и 2 ужинки дневно
🚿 Лична хигиена и секојдневна поддршка
💊 Редовна терапија и администрирање на медикаменти
🎶🎨🌱 Окупациона терапија со музика, уметност, растенија и многу креативни активности
☀️ Годишно летување за сите корисници
Нашата мисија е да обезбедиме сигурни и чисти Домчиња за лица со попреченост, каде што секој ќе може да живее со достоинство, радост и нови можности.
✨ Веруваме дека Домчињата се повеќе од простор за живеење – тие се заедници изградени на љубов, грижа и поддршка.
Сместувањето се реализира на индивидуално-комерцијална основа – средствата се обезбедуваат од страна на семејството. Договорите се склучуваат на годишно ниво, а уплатите се вршат месечно.
📩 За повеќе информации и детална понуда:
kriksocijalnausluga@gmail.com