КРИК отвора повик за локални волонтери кои ќе волонтираат во ЦМА Крик.
Програмата и активностите на кои волонтерите ќе учествуваат се планира заедно со селектираните волонтери.
Главни активности и ангажман:
-Дел од сите активности кои Крик ги организира: работилници, обуки, младински кампови и слично.
-Поддршка на извршната канцеларија на Крик во административното работење
-Директна работа со целна група (млади лица со попреченост и без)
-Логистичка поддршка на активностите
-Поддршка на лица со попреченост во станбени единици за независно живеење на лица со попреченост
Време на обавување на практиканството: еднаш до два пати неделно со времетраење од два часа. Деновите за волонтирањето се одредуваат заедно со волонтерите.
По потреба, дел од активностите се одвиваат и во други градови во Македонија, понекогаш и во текот на викендите.
Услови и обврски на практикантите
Сите заинтересирани кандидати за учество во волонтерската програма потребно е да:
Бидат на возраст од 14 до 29 години
Да не се во работен однос
Да можат да извршуваат волонтерска работа
Имаат желба и мотивација за волонтирање
Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на волонтерска работа:
Назначено ментор лице кое ќе ги следи во текот на целото волонтирање
Назначено одговорно лице од ЦМА КРИК кај кое ќе може да се обратат во текот на целото волонтирање
Можности за учество и вмрежување на настани
Можност за учество во меѓународни проекти и младински размени
Стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.
Обврските кои ќе ги имаат практикантите се следните:
Уредно, совесно и навремено извршување на доверените задачи;
Учество во работата на Крик
Чување на класифицирани и доверливи податоци стекнати за време на волонтирањето
Почитување на интерните протоколи и прирачници за работа на Крик
Работа со волонтерите од странство
Започнување на волонтирањето: 1 декември 2023
Можни се и патувања кои ќе се одредат во текот на волонтерството.
Доколку сакаш да ни се придружиш, пријави се тука