Македонски Каритас и Центар за младински активизам КРИК, во рамките на проектот CORDIAL – Создавање можности на регионално ниво за акции и законодавство за инклузија на лица со попреченост, финансиран од Европската Унија, објавуваат повик за мали грантови за организации на граѓанското општество од Македонија.
Да се поддржат локални граѓански организации кои работат со и за лицата со попреченост, преку:
Развој на јавни политики и/или локални кампањи за застапување
Економска или социјална инклузија на лицата со попреченост преку развој на услуги базирани во заедницата
Непрофитни граѓански организации
Регистрирани во Република Северна Македонија
Со фокус на работа со или за лицата со попреченост
Од 12 до 18 месеци
Максимално до 11.500 € по проект
Грантовите ќе поддржат активности што директно одговараат на потребите на лицата со попреченост, како на пример:
Развој и имплементација на интегрирани услуги во заедницата
Активности што генерираат приход за корисници со попреченост
Кампањи за подигање на јавната свест
Застапување за измена на постојното или донесување ново законодавство во согласност со ЕУ-стандардите
Промовирање на спроведувањето на донесените закони и прописи
Мрежно поврзување и градење коалиции со други организации и институции
Градење капацитети и активности за размена на искуства/знаења
Организирање конференции, тркалезни маси, работилници и семинари
Детален водич (PDF)
Формулари и прирачници
(Преземете ги сите документи и внимателно следете ги инструкциите за пополнување.)
30 јуни 2025 година
(Апликациите пристигнати по овој датум нема да бидат разгледувани.)
Датум: понеделник, 9 јуни 2025
Време: 10:00 часот
Платформа: Zoom
Линк за приклучување:
https://us02web.zoom.us/j/89916114028?pwd=X5Ag4xMEOGVIZ2mIYORzAs8TnjtQMK.1
На сесијата ќе бидат објаснети сите услови за аплицирање, критериуми за селекција и техничките инструкции за пополнување на формуларите. Препорачуваме сите заинтересирани претставници да присуствуваат.
❗ Напомена: Повикот е отворен единствено за граѓански организации регистрирани во Република Северна Македонија.
Ве охрабруваме да ги искористите овие ресурси и да поднесете ваш проект кој ќе придонесе кон поголема економска и социјална инклузија на лицата со попреченост во вашата локална заедница!