🎉 ЦМА Крик го отвара повикот за: МЕНТОРИ на ЕСЦ волонтери! 🇪🇺✨
Сакаш да запознаваш млади луѓе од различни култури, да им помогнеш полесно да се вклопат во нашето опкружување и да бидеш нивна поддршка додека волонтираат? Ова е твојата шанса! 🙌
🔹 Што е потребно?
Само неколку часа неделно – во договор со координаторот, го бирате терминот што ви одговара најмногу (средбите може да бидат и претпладне и попладне ☕🌇).
🔹 Како да аплицираш?
Избери еден од следните начини – што и да ти е најудобно! 👇
📄 Испрати ни ја твојата биографија
📝 Напиши ни неколку реченици за себе и зошто сакаш да бидеш ментор
🎥 Сними кратко видео и кажи ни нешто повеќе за себе и мотивацијата
📩 Прати ни го избраниот формат на: employmentkrik@gmail.com
🕒 Рок за аплицирање: 10.04.2025
👉 Старт на менторирањето: средина на април или мај 2025
👥 Кои се волонтерите?
Млади луѓе (18-30 години) кои доаѓаат преку Европскиот Солидарен Корпус (ESC) – обично за 1-2 месеци. Моментално имаме волонтери од Турција, а наскоро доаѓаат и од Франција! 🇹🇷🇫🇷
🎬 Повеќе инфо за програмата тука
📹 Кратко видео за ESC тука
🌟 Твојата улога како ментор:
💬 Помош при интеграција и запознавање со локалната култура
🧠 Поддршка во саморефлексија преку Youthpass
🧍♀️ Лична поддршка за целото време на престојот
🌍 Поттикнување поврзување со други волонтери
🤝 Фацилитирање на комуникација и решавање на евентуални недоразбирања
✅ Кој може да биде ментор?
✔️ Имаш над 18 години
✔️ Зборуваш основен англиски
✔️ Имаш желба да помогнеш и волонтираш
📍 Каде се одржуваат средбите?
Во Центарот Крикни (Црниче), но можете да се договарате и за средби во кафич, парк или каде и да ви одговара 🏞️☕
⏰ Се работи за неформална, волонтерска улога:
🔹 1 формална неделна средба (околу 1 час)
🔹 Повремено одговарање на пораки/повици
🔹 1 неформална кафе средба во неделата
📦 Менторот добива мал надоместок за храна и патни трошоци 💸
🚀 Приклучи се и направи разлика – стануваш дел од едно кул, инспиративно и пријателско искуство! 🙌💙
Ако имаш прашања, слободно пиши ни! 💌