ЈАВЕН ПОВИК
Позиција: Национален експерт за застапување (1 лице во Македонија)
Проект: CORDIAL – Создавање можности регионално за инклузија и застапување на лица со попреченост
Рок за аплицирање: 10 октомври 2025
Апликациите се доставуваат електронски на: employmentkrik@gmail.com
За проектот
Центар за младински активизам КРИК започнува со имплементација на активноста Формирање на Национална група за застапување (Advocacy Action Group – AAG) во рамки на регионалниот проект CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion and Advocacy, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата.
Проектот го координира Caritas Србија, а партнери се:
Caritas BiH (Босна и Херцеговина)
Caritas Kosova (Косово)
Caritas Crna Gora (Црна Гора)
Македонски Каритас
Центар за младински активизам КРИК (Македонија)
YDF – Форум младих са инвалидитетом (Србија)
како и партнери од Европската Унија.
За активноста – Национални групи за застапување (AAG)
Во рамки на Активност 2.2, проектот предвидува формирање на пет Национални групи за застапување – AAGs (по една во секоја земја).
Овие групи ќе бидат составени од претставници на:
граѓански организации,
организации на лица со попреченост,
кориснички здруженија,
како и претставници на институции на локално и национално ниво.
Целта е преку соработка, размена на искуства и заеднички активности да се предложат конкретни мерки за унапредување на политиките за социјална инклузија и деинституционализација. Во Македонија се предвидува одржување на 8 состаноци на AAG до завршување на проектот, со конкретни препораки и предлози со почеток на ноември 2025 се до 2027 година. Предвидени се по 1 состанок на секои 2 до 3 месеци.
Цел на повикот
За поддршка на работата на AAG, КРИК ангажира 1 Национален експерт за застапување кој ќе ја има улогата на професионална и техничка поддршка при подготовка, олеснување, спроведување и следење на активностите.
Главни задачи и одговорности
Поддршка на националниот координатор и регионалниот проектен тим при подготовка и организација на состаноците.
Фацилитација на дискусиите и поттикнување активно учество на членовите и подготвување извештаи од работата
Обезбедување експертски совети и насоки за политики поврзани со права на лица со попреченост, социјална инклузија и деинституционализација.
Подготовка на записници, препораки и предлози за застапување.
Поддршка при идентификување постојни платформи и нивно вклучување во работата на AAG.
Овозможување комуникација и проток на информации меѓу членовите на AAG и институциите.
Учеството во следење и известување за активностите и подготвување на акциски планови за спроведувањето на 2те кампањи за застапување на национално ниво.
Спроведување на 2 кампањи за застапување на национално ниво.
Информации за активноста
Активноста 2.3 се фокусира на спроведување конкретни застапнички активности насочени кон подобрување на социјалната инклузија и промовирање на правата на лицата со попреченост. Секоја земја ќе развие и спроведе неколку специфични активности за застапување прилагодени на локалните потреби и приоритети, што резултира со вкупно 2 активности за застапување во Македонија. Дискусиите и препораките од состаноците на ГАГ ќе бидат преточени во опипливи активности за застапување во различни формати што ќе ги одредат членовите на групата (конференција, прес-конференции, тркалезни маси, медиумска кампања или друго). Акцијата ќе се справи со клучните предизвици и бариери со кои се соочуваат лицата со попреченост во пристапот до права и услуги во секоја земја и ќе ја подигне свеста и ќе се залага за промени во политиките што ќе го промовираат социјалното вклучување и ќе го подобрат квалитетот на животот на лицата со попреченост. Процесот ќе биде следниов:
1. Идентификација на приоритетни прашања: групата, во консултација со релевантни засегнати страни, вклучувајќи организации и власти, ќе ги идентификуваат приоритетните прашања за интервенција за застапување.
2. Развој на планови за застапување: Врз основа на идентификуваните приоритетни прашања, секоја Група за застапување ќе развие детални планови за застапување во кои ќе бидат наведени специфични цели, целни публики, стратегии и временски рокови за имплементација. За да се оптимизираат ресурсите и да се максимизира влијанието, во овој процес ќе биде вклучен надворешен консултант со експертиза за застапување. (лицето за кое се објавува овој повик).
3. Имплементација на активности за застапување-Групата ќе учествува во извршувањето на активностите за застапување наведени во плановите, користејќи различни стратегии како што се јавни кампањи, кратки извештаи за политиките, ангажмани на засегнатите страни и медиумска информираност. Групата ќе биде водена од националниот консултант/експерт.
Потребни квалификации
Високо образование во право, општествено-хуманистички науки, социјални науки, јавни политики, човекови права или сродни области (магистратура е предност).
Минимум 3 години искуство во застапување, права на лица со попреченост, социјални политики или развој на граѓанско општество.
Искуство со организации на лица со попреченост и/или процеси на деинституционализација е голема предност.
Познавање на националните политики за лица со попреченост и рамки за социјална инклузија.
Одлични комуникациски, фацилитаторски и аналитички вештини.
Познавање на англиски и македонски јазик.
Посветеност на принципите на човекови права и инклузија.
Надоместок и времетраење
На избраниот експерт ќе му биде исплатен хонорар во износ од 150 евра бруто по состанок. Вкупно се предвидени 8 состаноци во период од 2 години, што изнесува 1.200 евра бруто за целокупниот ангажман. Состаноците се планирани да се случат на секои 2 до 3 месеци, почнувајќи од ноември 2025 година. Во текот на состаноците се планира и спроведување на активности за застапување- националниот консултант/експерт ќе ги води активностите за застапување и ќе спроведе 2 кампањи за застапување за 2 различни политики кои при фацилитација на групата, групата ќе ги приоритизира. Дополнително за водење на овие активности за застапување се исплаќа бруто надоместо од 400 евра по активности за застапување или 800 евра вкупно за двете кампањи за застапување.
Групата и консултантот располагаат со дополнителни 1200 евра материјални трошоци (по кампања) потребни за организација на активностите од кампањите за застапување – вкупно 2400 евра кои се распределуваат согласно акциските планови.
Аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават апликација по електронски пат, најдоцна до 10 октомври 2025, на следната адреса: employmentkrik@gmail.com (со назнака: Апликација – Национален експерт за застапување).
Апликацијата треба да содржи:
- Биографија
- План и кус предлог на методологија за работа
- Контакт за најмалку две референци од сработени слични активности
Процес на селекција
По завршување на рокот, сите пристигнати апликации ќе бидат прегледани од тричлена селекциска комисија составена од претставници на КРИК и партнерските организации.
Апликациите ќе се оценуваат според однапред дефинирани критериуми:
1. Релевантно образование и професионални квалификации (20%)
2. Докажано искуство во застапување и политики за лица со попреченост (40%)
3. Вештини за фацилитација и комуникација (20%)
4. Мотивација и посветеност на човекови права и инклузија (20%)
Селектираните кандидати со највисоки оценки ќе бидат повикани на онлајн интервју (Zoom/Teams), за дополнително да се процени нивната експертиза и комуникациски пристап. Крајната одлука ќе биде донесена врз основа на комбиниран резултат од писмена апликација и интервју.
Сите апликанти ќе бидат известени за исходот по завршување на процесот.
Датум на објава: 03.10.2025