Краен рок
20.11.2025
За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвораме повик за:
Позиција: Негувател на лица со попреченост кои се дел од социјална услуга живеење со 24 часовна поддршка во Скопје за лица со попреченост
Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно) или пола работно време (20 часа неделно). Постојат двете опции, во зависност од договор со кандидатите се разгледува која опција е по соодветна.
Работните часови се поделени во смени од 12 или 24 часа во зависност од договор со лицата. Доколку се 12 часови, во целиот месец на лицето се доделуваат 15 работни денови, доколку се 24 работни часови 7 до 8 работни денови.
Работните часови се одредуваат во согласност со договор со координаторот на сервисот и итните потреби на корисниците.
Саатницата изнесува бруто сума од 197 мкд. Месечниот надоместок се пресметува врз основа на изработени часови во месецот.
Смените се од 7 наутро до 19 часот навечер и 19 часот навечер до 7 часот наутро.
Локација на станбените единици: населба Аеродром
Во секоја од станбените единици живеат 5 лица со попреченост. 1 негувател е на смена со 5 лица со попреченост.
Вид договор: Ангажирање со договор на дело.
Позадина:
ЦМА КРИК е приватен давател на социјалната услуга живеење со 24 часовна поддршка на лица со попреченост. Моментално координира 3 станбени единици каде живеат 15 корисници, се очекува отворање на 4та станбена единица.
Опис на работно место (Негувател) (4 позиции)
Должности и одговорности:
Работните задачи ги извршува негувателот во согласност со планот и програмата за работа на социјалната услуга, грижа и здравствена заштита на лица со тешка и најтешка интелектуална попреченост;
Врши дневна нега на полу-мобилни, неподвижни и мобилни корисници, поддржувајќи формирање, продлабочување и зајакнување на основните хигиенски и работни навики на корисниците (хигиена на кревет, лична хигиена, капење, бричење на корисникот, хигиена по физиолошка потреба , облекување, хранење на корисникот ако тој / таа не е независен итн.)
Обезбедување на функционирање на домаќинствато, што се заснова на индивидуална поддршка на корисникот, главно во овие активности:
- Чистење на лични и заеднички простории, вклучително и употреба на производи за чистење;
- Перење, простирање, пеглање алишта, складирање алишта;
- Подготовка на топли и ладни јадења (вклучувајќи диети) и складирање храна;
- Употреба на апарати за домаќинство (микробранова печка, пегла, правосмукалка, итн.)
Се грижи за чување и одржување на инвентарот за кој е задолжен; за секојдневните активности, негувателот чува белешки и прави писмен прием во врска со сите забелешки во станбената единица, како и за вкупниот број на корисници и уредноста на корисниците;
Го зголемува надзорот на одреден корисник чие однесување го надминува вообичаеното и го надминува нивото на толеранција.
Го почитува кодексот на облекување и протоколот за однесување на вработените.
Поддршка во воспоставување и одржување на меѓучовечки и семејни односи.
Доколку е потребно, поддршка и придружба до медицинските амбуланти и соработка со лекари и медицински сестри. Информирање на координаторот за можни промени во терапијата со лекови на корисникот.
Учество во организирање културни и социјални акции, подготвување на корисниците за можни ситуации кои произлегуваат од тоа.
Информирање на корисниците за нивните права и поддршка во реализацијата.
Грижа за безбедноста и здравјето на корисниците, прва помош, повикување на брза помош.
Следење на потребите на корисниците и водење на лична евиденција
Води дневник за потребните активности во врска со обезбедувањето грижа за корисниците во станбената единица.
Ја почитува волјата, желбите, приватноста и достоинството на секој корисник.
Обврска на тајност на податоците поврзани со корисниците и работата, што може да ги загрози основните интереси на работодавачот или вработените. Обврската продолжува и по престанокот на работниот однос.
Почеток на работата: што е можно побрзо
Потребни квалификации:
Да биде државјанин на Република Северна Македонија
активно да го користи македонскиот јазик
да се биде возрасен
да имаат општа здравствена способност за работата
со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност
Да има искуство во грижа за лица со попреченост
Како да се аплицира:
Ве молиме, испратете ваша биографија CV и мотивационо писмо на е-адресата: employmentkrik@gmail.com
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани. Сите кандидати се охрабруваат да аплицираат.
Рокот за пријавување е до 20.11.2025 година. Кандидатите ќе бидат повикувани на интервју во текот на рокот за пријавување, така да ве охрабруваме да аплицирате веднаш чим изразите интерес како позицијата не би се пополнила.