ЈАВЕН ПОВИК
Центарот за младински активизам КРИК, во рамки на проектот „Справување со предизвикувачко однесување во младинската работа (C-C-B-Y)”, поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија, објавува:
Повик за учество на обука за младински работници - „Поддршка на млади со предизвикувачко однесување“
📅 Датум: 26 – 28 септември 2025
📍 Локација: Хотел „Гарденија“, Велес
Оваа обука има за цел да обезбеди знаења, алатки и методи за младинските работници со цел подобро справување со предизвикувачко однесување кај младите. Преку интерактивни сесии, учесниците ќе развијат практични вештини за поддршка на млади лица и унапредување на нивната работа во локалните заедници.
На обуката, покрај учесници од Северна Македонија, ќе земат учество и младински работници од Данска, Бугарија, Италија и Полска, овозможувајќи интеркултурна размена на искуства и добри практики.
Кој може да се пријави?
Пријавата е отворена за младински работници кои:
се активни во организации/иницијативи кои работат со млади,
имаат интерес за темата challenging behaviour и желба за примена на стекнатото знаење во својата работа,
поседуваат активно познавање на англиски јазик (работен јазик на обуката),
се подготвени за активно учество во сите предвидени сесии.
Што е покриено?
Трошоците за сместување, оброци, работни материјали и патување (автобуски билет во два правци, такси услуга од автобуска станица Велес до Хотел Гарденија) за време на обуката се целосно покриени од страна на организаторот.
Како да се пријавите?
Заинтересираните младински работници може да се пријават преку онлајн формата
Сите пријавени ќе бидат известени по завршување на процесот на селекција.
Рок за пријавување:
11 септември 2025 година
Прочитајте повеќе за проектот на krik.org.mk - c-c-b-y или на страницата на Проектот Coping with challenging behavior