Позиција: Обучувaч/ка за обука на тема „Институции и стратегии како алатки за вклучување на организациите во процесите на носење одлуки“
Проект: CORDIAL – Создавање можности регионално за инклузија и застапување на лица со попреченост
Рок за аплицирање: 13 ноември 2025
Начин на аплицирање: employmentkrik@gmail.com
Датум на реализација на обуката: 26–27 ноември 2025
За проектот
Проектот CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation е регионална иницијатива финансирана од Европската Унија преку ИПА програмата, која има за цел да го поттикне регионалниот дијалог, застапување и институционално вмрежување за унапредување на социјалната инклузија и правата на лицата со попреченост.
Проектот го координира Caritas Србија, а партнери се:
• Каритас БиХ (Босна и Херцеговина)
• Каритас Косово (Косово)
• Каритас Црна Гора (Црна Гора)
• Македонски Каритас
• Центар за младински активизам КРИК (Македонија)
• Форум на млади со инфалидитет – YDF (Србија)
како и партнери од Европската Унија.
За активноста
Во рамки на активноста за јакнење на капацитетите на граѓанските организации и мрежи, ќе се организира дводневна обука на тема „Институции и стратегии како алатки за вклучување на организациите во процесите на носење одлуки“.
Оваа обука е дел од сет на тематски модули и има за цел да гради знаења и практични вештини во области како застапување, институционални механизми, креирање на јавни политики, мониторинг и отчетност. Овој модул има за цел да им помогне на организациите да разберат:
- кои институции и тела (министерства, оддели, комисии, работни групи, советодавни тела) имаат релевантна улога во политиките за лица со попреченост и социјална инклузија;
- како функционира системот на јавни политики – од стратегиско планирање до усвојување и следење;
- кои се постојните стратегии и механизми за учество на граѓански организации во процесите на одлучување;
- како може нивната организација да се позиционира и вклучи во консултативни и застапнички процеси;
- кои се добри практики и алатки за комуникација со институции и придонес кон развој на политики.
На обуката е предвидено да учествуваат 10 – 15 учесници.
Цел на повикот
За подготовка и реализација на оваа обука, Центар за младински активизам КРИК објавува јавен повик за ангажирање на обучувач кој ќе биде одговорен за:
• развивање на дводневна програма и план на сесии,
• подготовка на методологија и практични примери,
• фацилитирање на обуката,
• подготовка на кратка анализа на постоечките стратегии, работни планови, закони, институции, сектори, оддели и можности за учество на организации кои работат со лица со попреченост во процесите на политики на локално и национално ниво
• изработка на извештај со препораки и заклучоци по завршување на активноста.
Главни задачи и одговорности
• Подготовка на детална програма на обуката и агенда за два дена;
• Развивање на содржини, примери и алатки што ќе им помогнат на учесниците да ги препознаат можностите за институционално вклучување и застапување;
• Реализација и фацилитирање на сесиите во живо;
• Поттикнување на активна дискусија, групна работа и размена на искуства;
• Подготовка на документ-анализа каде ќе се опишани механизмите за учество (desk research)
• Подготовка на финален извештај со резиме на реализирани сесии, препораки и заклучоци.
Потребни квалификации
• Високо образование во областа на општествени науки, право, јавни политики, социјални политики, политички науки или сродни области е предност
• Искуство во работа со институции, граѓански организации и јавни политики;
• Познавање на структурата на национални институции, стратегии и процеси на консултација;
• Искуство во фацилитирање на обуки, работилници или јавни настани;
• Способност за јасно презентирање и пренесување на комплексни информации на разбирлив начин.
Пожелно (но не задолжително)
• Практично искуство во учество во јавни консултации или застапнички процеси;
• Познавање на принципите на социјална инклузија и права на лица со попреченост.
Надоместок и времетраење
На избраниот обучувач ќе му биде исплатен вкупен хонорар од 600 евра, кој ќе се распределува по активности на следниот начин:
• 300 евра за реализација на обуката (по 150 евра од ден од обуката)
• 300 евра за подготовка на анализа и изработка на финален документ со препораки и заклучоци
Аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават апликација по електронски пат, најдоцна до 10 ноември 2025 година, на следната адреса: employmentkrik@gmail.com
(со назнака: Апликација – Обучувач за институции и стратегии).
Апликацијата треба да содржи:
• Кратка биографија (CV);
• Краток предлог методологија и пристап кон темата;
Процес на селекција
По завршување на рокот, сите пристигнати апликации ќе бидат разгледани од тричлена селекциска комисија.
Апликациите ќе се оценуваат според следните критериуми:
1. Релевантно образование и професионални квалификации (30%)
2. Искус¬¬тво во фацилитација и работа со институции/ГО (40%)
3. Квалитет на предложената методологија (30%)
Избраните кандидати ќе бидат повикани на кратко онлајн интервју (Zoom/Teams) за дополнителна проценка на пристапот и експертизата.
Датум на објава: 4 ноември 2025
Реобјавен и продолжен до 13.11.2025