📢 Центар за младински активизам Крик објавува повик за окупационен терапевт за спроведување работилници и лице одговорно за маркетинг и продажба на производите од работилниците.
За целите на проектот "Зајакнување на можностите", ЦМА Крик спроведува отворен повик за окупационен терапевт кој ќе спроведе со корисниците работилници двапати неделно на тема окупациона терапија и подготовка на производи и лице одговорно за маркетинг и продажба на производите кои што ќе произлезат од работилниците. 🙋♀️🙋♂️
Повиците и активностите се во рамки на проектот „Зајакнување на можностите“ спроведен од ЦМА Крик како дел од проектот „Млади агенти за промена“ координиран од Center for Intercultural Dialogue (CID)- Куманово, во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија - Scout Association of Macedonia и Центар за истражувања и анализи НОВУС / Center for research and analysis - Струмица, со финансиска подршка од Европската унија. Целта на проектот е градење на капацитетите на младите луѓе со или без попреченост во областа на создавање занаети и поддршка за нивната финансиска независност. #fundedbytheEU
Специфични цели на проектот:
Да се изградат вештините на младите луѓе со или без попреченост за да бидат позаинтересирани и повешти да влезат на пазарот на трудот
Да се зголемат капацитетите на младите со или без попреченост за самовработување
Да се подобри социјалната вклученост на младите со или без попреченост
Да се вмрежи секторот за социјално претприемништво и да им се даде можност на социјалните претпријатија да ја промовираат својата работа.
Очекувани резултати:
30 млади луѓе да ги изградат своите вештини и да работат на подготовка на монистра/накит
30 млади да имаат зголемени капацитети за самовработување
Да се подигне јавната свест и луѓето да ги користат производите подготвени од целните групи
Позиции:
Окупационен терапевт за спроведување работилници
Избраниот експерт ќе биде одговорен за спроведување на следните работилници:
Активност 1.1 Накит, уметност и занаети, работилници со млади луѓе со или без попреченост
Активност 1.2 Обука за вработување
Активност 3.1.3 Посета на компании
Лице одговорно за маркетинг
Избраното лице за маркетинг ќе биде одговорно за промовирање на производите што корисниците ќе ги произведуваат користејќи ги веќе постоечките платформи на Крик на социјалните медиуми. Дополнително, лицето ќе ја промовира работата на корисниците преку интерактивни видеа за да може активностите да се промовираат како како позитивни практики на вклучување на лицата со попреченост на пазарот на трудот.
Начин на апликација:
Понудата треба да содржи:
Професионална биографија (CV) на кандидатот/ката;
Комплетираната документација се доставува физички во канцелариите на Центар за младински активизам ЦМА Крик, Св. Наум Охридски Б.Б, 1000 Скопје.
Рок за апликација за двете позиции е 25.12.2023.