ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: ПРОГРАМA ЗА ПРАКТИКАНТСТВО ВО ОРГАНИЗАЦИИ ЧЛЕНКИ НА МРЕЖАТА ИРИС
Во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите и ангажман во политиката на давателите на услуги во заедницата – ИРИС Прогрес“, Институтот за Развој на Заедницата, Тетово во соработка со ЦМА КРИК објавува:
Повик за пријавување на практиканти
Програмата за практикантство е наменета за студенти на завршна година од студии кои сакаат да стекнат тримесечно практично искуство во граѓански организации – даватели на социјални услуги, членки на Мрежата ИРИС во Западен Балкан.
Цели на програмата
§ Да обезбеди практична работа во граѓански организации – даватели на социјални услуги, членки на Мрежата ИРИС.
§ Да се стекне увид во методологијата, добрите практики, стандардите за квалитет, и други релевантни теми поврзани со социјалната заштита и работа со ранливи групи.
§ Да се примени стекнатото знаење од студиите во пракса и да се воспостави мрежа со луѓе и професионалци во областа.
Критериуми за аплицирање
§ Добри комуникациски вештини
§ Способност за тимска работа
§ Мотивација за учество во програмата и стекнување практично искуство
§ Достапност за практикантство најмалку 35 часа неделно во тек на три месеци
§ Подготвеност за изработка на неделни кратки извештаи и фотографии за промоција на Мрежата ИРИС
Што нуди практикантството?
§ Практична работа во организација членка на Мрежата ИРИС која обезбедува социјални услуги за ранливи групи.
§ Вклучување во секојдневните активности на организацијата.
§ Можност за примена на теоретското знаење во пракса.
§ Запознавање со работата и потребите на специфични ранливи групи.
§ Најмалку 35 часа практична работа неделно во период од три месеци.
§ 6 слободни денови во период на 3те месеци
§ Доколку практикантот има веќе закажани активности со поголемо времетраење од 6 денови постои простор за договор за користење на повеќе слободни денови.
§ Работното време е во тек на 7 часа во текот на денот, почнувајќи од 8 до 10 часот наутро (од моментот на доаѓање практикантот останува на пракса во следните 7 часа. На пример доколку пристигне во 8 часот, останува до 3.)
§ Работни денови се од понеделник до петок. Верски и државни празници не се работи.
§ Ангажманот може да вклучува патувања во земјата и во странство во договор со практикантот.
§ Месечен надоместок за оброци и патни трошоци во висина од бруто 12 000 мкд.
§ Канцеларијата на Крик се наоѓа во населба Кисела Вода.
Потребни документи за аплицирање
§ Професионална биографија (CV)
§ Мотивациско писмо (1 страница) со јасно наведени мотивацијата и очекуваните резултати од практикантството
Документите испратете ги на емаил адресата: cdi.zivorad@gmail.com и employmentkrik@gmail.com
Критериуми за избор
Апликациите ќе се оценуваат врз основа на доставената документација.
Во мотивациското писмо наведете:
§ Како практикантството ќе влијае на вашиот професионален развој
§ Како ги исполнувате образовните и личните компетенции наведени во повикот
Секој практикант ќе добие месечен надоместок за покривање на локални патни трошоци и оброци.
Краен рок за пријавување: 17 Јули, 2025 година до 17:00 часот.
Ако имате дополнителни прашања слободно контактирајте не на емаил адресата: cdi.zivorad@gmail.com, или на телефонскиот број 071 319 316.