Центарот за младински активизам КРИК објавува повик за ангажман на Програмски менаџер, кој/а ќе биде одговорен/а за планирање, координација и имплементација на програмските и проектните активности на организацијата.
Одговорности:
Имплементација и планирање на програмските и проектните активности
Креирање планови за активности и нивна реализација
Подготовка на месечни, квартални и годишни програмски планови
Унапредување на капацитетите на организацијата
Мапирање донатори и обезбедување финансиски средства за програмските активности
Планирање, подготовка и спроведување проектни активности
Развивање нови проектни апликации во согласност со мисијата и целите на КРИК
Редовна комуникација и координација со вработените, финансискиот и извршниот директор
Поддршка, градење капацитети и евалуација на програмскиот тим
Подготовка и следење на акциски планови
Учество во креирање внатрешни политики и годишни планови
Комуникација со донатори и партнери
Поддршка на сервисите и окупациониот центар по потреба
Минимум 5 години релевантно искуство во координација на проекти, тимови, политики или програми
Одлично познавање на дигитални алатки за проектно работење
Познавање на Erasmus+ и IPA програми (искуство со други донатори се смета за предност)
Познавање англиски јазик
Развиени комуникациски, организациски и логистички вештини
Способност за тимска работа и почитување рокови
Познавање на работата на КРИК, младинскиот сектор и социјалните политики
Високо образование релевантно за позицијата (предност)
Познавање албански јазик (предност)
Понеделник – петок, клизно работно време од 8 часа
(помеѓу 07:30–09:00 до 15:30–17:00)
Повремена работа за викенд при патувања или активности
(со обезбеден дополнителен слободен ден)
Работата од дома не се препорачува за оваа позиција
Предвидени се службени патувања во земјата и странство
Можност за договор на дело или договор за вработување
Бруто надомест: 70.000 – 80.000 МКД (во зависност од искуство)
Одмор: 25 дена годишно + 5 дена боледување без потреба за потврда од матичен, настрана од регуларното боледување
Рок за аплицирање:
20 февруари (10 дена од објавување на повикот)
Апликациите се разгледуваат континуирано, а кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикувани на интервју по редослед на пристигнување.
Се препорачува рано аплицирање.
📩 Испратете:
CV
кратко мотивациско писмо
на: employmentkrik@gmail.com
Наслов на мејл:
Име на позицијата – Име и презиме
(пр. Програмски менаџер – Петар Петровски)