Центарот за социјални иницијативи Надеж, Скопје за потребите на проектот ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, објавува:
Повик 5/2024: Регионален организатор на тркалезни маси
за спроведување Тркалезни маси „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава одржлива животна средина за сите“
Информации за проектот:
ИМЕ: ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
НОСИТЕЛ: Центар за младински активизам ЦМА КРИК, Скопје
ПАРТНЕРИ: Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје и Здружение на социјални работници на Македонија - ЗСРМ
ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас
ЦЕЛНА ГРУПА
− стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците,
− локалните општини
− давателите на социјални услуги и корисниците и
− младинските работници и младите
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 01.12.2023 година – 30.09.2026 година
Проектната идеја e обид да се пилотира и воведе зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и резилиентност од овие промени.
Главната цел на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.
Информации за активноста ТРКАЛЕЗНИ МАСИ „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“
Една од проектните активности е спроведување тркалезни маси „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ на ниво на 8 (осум) плански региони. Активноста е дел од предложената методологија од страна на експертот за методологија и истражување за спроведување акциско истражување. Во акциското истражување се користат најмалку три извори на податоци (триангулација) како основа за успешно спроведување на активноста. Со ваков начин на организирање на податоците може да се идентификуваат трендовите и состојбите поврзани со темата: „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава одржлива животна средина за сите“. Но, во оваа методологија експертот предлага пет активности кои одговараат на прибирање податоци од пет извори на податоци и кои се комплементарни едни на други: деск анализа, теренско истражување – анкета, дискусии во фокус групи, тркалезни маси и интервјуа со засегнати страни.
Целта на спроведување на тркалезни маси е да се идентификуваат локалните потреби, состојби, но и тековни активности од други проекти поврзани со животната средина и климатските промени (за да се избегне преклопување и повторување на активности со други иницијативи и проекти). Исто така целта е и да се дадат заклучоци и препораки за меѓусекторска и партнерска соработка на локално ниво на носителите на одлуки за планирање и преземање соодветни активности за заштита на животната средина и отпорност на климатските промени, со вклученост на сите млади како носители на активностите.
НАБАВУВАЧ
Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ - Скопје со седиште на ул. „Гвадалахара“ бр.20, Скопје, застапувана од Марина Бојанова, претседател на здружението
ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА
1. Главни активности на организаторот на тркалезните маси Предмет на набавката е ангажман (1.) нарегионален организатор на тркалезни маси за сите 8 (осум) плански региони во Република С Македонија. За исполнување на ангажманот кој е предмет на овој повик, организаторот треба да:
организира регионална тркалезна маса со 10 - 12 учесници и учеснички - претставници и претставнички од идентификувани засегнати страни;
да договори простор за реализирање на регионалната тркалезна маса
да фотографира за време на реализирањето на регионалната тркалезна маса
Државни службеници и/или останатите заинтересирани лица што се тековно вработени во јавната администрација може да аплицираат на повикот доколку прикажат/потврдат дека се во можност да ги исполнат
должностите/активностите надвород работните обврски, односно, надвор од работното време согласно законите (10 часа неделно).
Избраниот регионален организатор континуирано ќе соработува со фацилитаторот на тркалезните маси, ангажираните експерти за спроведување на акциското истражување и со проектниот тим.
Предвиден надомест за регионален организатор на 1 (една) тркалезна маса е 6 000 МКД во бруто износ.
НАПОМЕНА: Не се предвидени дополнителни средства за евентуалните патни и друг вид трошоци за спроведување на теренските активности во кои ќе биде вклучен регионалниот организатор.
Период на ангажманот на регионалниот организатор на тркалезни маси: 14 јуни, 2024 година до 05 јули, 2024 година.
Потребни квалификации на организаторот на тркалезни маси:
Искуството во организирање и/или поддршка за организирање на настани
Одлични писмени и усни комуникациски вештини, вклучително и способност соодветно да постават прашања и да комуницираат со чинители.
КРИТЕРИУМИ за избор на најповолен понудувач и доделување на договорот за соработка
Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови наведени во барањето за поднесување на понудата. Во спротивно, понудата ќе се смета за нецелосна и неприфатлива. Критериумот за доделување договор за набавката е според принципот „најдобро понудена услуга за цената“ (thebestvalueformoney-qualityratio). Вкупната оцена за исполнителноста на понудата ќе биде формирана според следните критериуми и бодови, со примена на формула за пресметување на бодовите за доделување на договор за набавка:
Искуството на кандидатите во организирање и/или поддршка за организирање на настани 40 бодa
Индивидуален online состанок со проектниот тим 40 бода
Референтна листа 20 бода
РОКОВИ
Рок за доставување на понудите 05.06.2024 година
Рок за избор на најповолен понудувач и известување 06.06.2024 година
Потпишување договор за соработка 14.06.2024 година
Рок за спроведување на активностите и испорака на услугата 14.06.2024 – 05.07.2024 година
Партнерските организации, носители на грантот го задржуваат правото на измена на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачите, во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Понудата треба да содржи:
професионална биографија (СV) на кандидатот/кандидатката што се пријавува за регионален организатор на тркалезна маса,
референтна листа за поткрепа на потребното искуство на кандидатот/кандидатката.
Понудите се доставуваат во електронска форма на проектната електронска адреса zzzgreenadvocacy@gmail.com. Дописот со проследената понуда треба да биде насловена: Понуда за број на повик 05/2024 – Регионален организатор за спроведување Тркалезни маси „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива и животна средина за сите“ Понудите треба да се достават до наведениот рок. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди кои нема да бидат изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.
НАПОМЕНА: Понудувачи може да бидат лица членови, волонтери и практиканти на локални организации. Предност имаат организациите носител и партнери на грантот. Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје и Центарот за социјални иницијативи ЦСИ НАДЕЖ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.