Отворен повик за учество во летен младински инклузивен камп
Центар за младински активизам КРИК, поддржан од Шпанската Амбасада на Република Северна Македонија и во соработка со Сојузот на извидници на Македонија, ве поканува да станете дел од нашата традиционална инклузивна летна младинска програма „Остваруваме кампување“. Кампот е отворен за сите млади лица, со и без попреченост, кои сакаат да поминат незаборавни четири дена исполнети со природа, забава и нови пријателства.
Целта на овој камп е да создаде инклузивен простор каде младите, со типичен и атипичен развој, ќе можат да се дружат и заедно да растат преку едукативни и забавни активности. Преку заеднички спортски, уметнички и тим-билдинг активности, учесниците ќе имаат можност да се запознаат, да разменат искуства и да изградат автентични пријателства. Воедно, кампот се стреми да ја поттикне свеста за важноста од еднаквост и разбивање на стигмата кон лицата со попреченост, додека сите учесници уживаат во летните денови исполнети со природа и возбуда.
Кој може да се пријави?
Млади лица на возраст од 16 до 30 години
Учесници со и без попреченост
Лица кои сакаат да учествуваат во активности на отворено и креативни работилници
Кога?
11–15 август 2025 година
Каде?
Извиднички камп, Охрид
Програма и активности:
Ноќевање под ѕвездено небо: Организирани шатори и простор за дружење на отворено.
Кајакарење и водени игри: Возбудливи активности на езерото за сите нивоа на вештини.
Креативни работилници: Работилници за рачни изработки, сликање и други ликовни техники.
Социјализација: Музика, настапи, дискусии и слободно време за дружење.
Учеството е бесплатно, вклучувајќи сместување, храна и сите активности.
Како да се пријавите?
Пополнете ја онлајн пријавата на следниот линк 🔗
Рок за пријавување: 20 јуни 2025 година
За дополнителни информации:
📩 Е-пошта: infokrikcenter@gmail.com
📲 Следете нè:
Facebook – CYA KRIK
Instagram – @cya_krik
📷Погледнете го албумот од минатото лето тука.
📽️Погледнете како изгледа кампот, плажата и нашите авантури покрај езеро на видеото подолу.