Јавен повик за учество на обука за млади „Зелено застапување преку зелена социјална и младинска работа“
Центарот за младински активизам ЦМА КРИК, во партнерство со Центар за социјална иницијатива НАДЕЖ и Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, објавува јавен повик за учество на обука насочена кон млади и младински работници.
Време на одржување: 28 – 30 април 2025 година
Место: Хотел Гарденија, Велес
Тема на обуката: Зелено застапување преку зелена социјална и младинска работа
Цел на обуката:
Оваа тридневна обука е дел од поширок процес за воведување на „зелената перспектива“ во социјалната и младинската работа, со цел зајакнување на улогата на младите и младинските работници во справувањето со климатските промени и заштитата на животната средина. Обуката е осмислена според моделот на учење преку искуство и ќе комбинира практична работа, рефлексија и планирање на локални акции.
Преку обуката, учесниците ќе стекнат:
• основи на концептот зелена младинска работа и неговата примена на локално ниво;
• знаења и вештини за спроведување на зелени иницијативи со млади;
• разбирање на врската помеѓу социјалната правда, инклузијата и заштитата на животната средина;
• пристап до менторска поддршка за развој на сопствена иницијатива по обуката.
По завршувањето на обуката, учесниците продолжуваат да работат во период од септември до ноември 2025 на спроведување локални иницијативи. За овој ангажман следува симболичен надоместок.
Избраните учесници ќе добијат менторска поддршка за развој на сопствена локална зелена иницијатива. Иницијативите ќе имаат за цел мобилизација на заедницата и вклучување на млади од различни профили. Најдобро развиените иницијативи ќе бидат поддржани за спроведување на терен.
Кој може да се пријави?
• млади лица со интерес за животна средина, заедничко делување и локални промени на возраст од 18 до 29 години;
• младински работници и активисти кои работат или сакаат да работат со млади во рамки на младински организации, центри или иницијативи; (без ограничување на возраст)
При изборот ќе се води сметка за рамномерна застапеност од сите осум плански региони и ќе се даде предност на млади од рурални средини, млади со помалку можности, Роми, девојки, како и млади од општини каде функционираат локални младински центри.
Трошоци и поддршка Сите трошоци за сместување, оброци, материјали и патување се покриени од страна на организаторот. Ќе биде обезбедена и соодветна поддршка за учесници со попреченост или други специфични потреби.
Краен рок за пријавување: 09.04.2025
Форма за пријавување: Линк
Повеќе информации за проектот можете да најдете на zzz.org.mk