Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на настан за споделување резултати и добри практики во рамки на проектот „ПРОГРЕС - Пат до самостоен живот на лицата со попреченост“.
📅 3 септември 2025 (среда)
🕛 12:30 часот
📍 Europe House – Скопје
✨ Зајакнување на капацитетите на едукаторите, негувателите и стручниот кадар.
✨ Поддршка на лицата со попреченост во нивниот пат кон самостоен живот.
✔️ Претставување на проектот и веб платформата www.progresserasmus.com
✔️ Жива библиотека и интерактивна дискусија
✔️ Водич за самостојно живеење и методологија за тренинг по окупациона терапија
✔️ Вмрежување и размена на добри практики
👉 Ве молиме да го потврдите Вашето присуство со регистрација на следниов линк, најдоцна до 2 септември 2025 година:
🔗 Регистрација
🚍 За учесниците од надвор од Скопје се покриваат патни трошоци (автобуски билет во два правци).
🙌 Очекуваме инспиративна средба исполнета со идеи, споделување искуства и нови партнерства!
Проектот „Патот кон независно живеење на лицата со посебни потреби - ПРОГРЕС“ го спроведуваат:
CYA Krik
Fondazione Zanandrea
ΚΣΔΕΟ ΕΔΡΑ
Monikom
Финансиран е од Европската Унија, како дел од програмата Еразмус+, преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Северна Македонија.