Центарот за младински активизам КРИК, во партнерство со Македонски Каритас, а во рамки на регионалниот проект CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation, поддржан од Европската Унија, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за учество на дводневна обука „Јавно застапување и градење коалиции за организации што работат со и за лица со попреченост“
Датум на одржување: 13 – 14 мај 2025
Локација: Хотел Гарденија, Велес
Темата на обуката е „Јавно застапување и градење коалиции за организации што работат со и за лица со попреченост “, со фокус на практични знаења и алатки што ќе им овозможат на учесниците поефективно да се вклучат во креирање јавни политики, во застапување пред институциите, како и во градење сојузништва и коалициски иницијативи на локално и национално ниво.
Потребата за засилена застапеност на организациите што ги претставуваат лицата со попреченост е повеќе од очигледна – и покрај постоењето на законска рамка, често недостига вистинско вклучување во одлуките што ги засегаат овие заедници. Токму затоа, оваа обука има за цел да го поддржи развојот на стратешко, аргументирано и влијателно застапување кое произлегува од теренот, од животот, и кое е насочено кон реални, остварливи промени.
Преку интерактивен пристап, учесниците ќе работат на теми поврзани со процесот на планирање застапувачки активности, дефинирање цели и пораки, анализа на засегнати страни, медиумско застапување, теорија на промена и комуникација со носителите на одлуки. Обуката ќе вклучи и практична работа на развој на сопствен акциски план, кој подоцна може да биде поддржан со менторство или вклучен во други проектни активности.
Кој може да се пријави?
За учесници можат да се пријават организации кои активно работат со и за лицата со попреченост, како и оние што ги застапуваат нивните права во различни општествени области. Особено се охрабруваат да се пријават претставници на организации кои вклучуваат млади и жени, како и организации кои дејствуваат во рурални или помали заедници.
Трошоците за сместување, оброци, работни материјали и патување за време на обуката се целосно покриени од страна на организаторот.
Заинтересираните учесници можат да се пријават на следнава форма.
Бројот на учесници е ограничен, а сите пријавени ќе бидат известени по завршување на процесот на селекција.
Повикот е отворен до 23.04.2025 година.