мај – октомври 2026
Амбасада на Кралството Шпанија во Северна Македонија
Центар за младински активизам ЦМА КРИК
Youth CRL (Шпанија)
Активностите ќе се реализираат во Северна Македонија и Шпанија, во рамки на заедничката соработка помеѓу Центарот за младински активизам ЦМА КРИК и Youth CRL.
Проектот претставува продолжение на успешната соработка помеѓу Центарот за младински активизам ЦМА КРИК и Youth CRL, со цел унапредување на инклузијата, независното живеење и активното учество на лицата со попреченост во општеството. Преку размена на искуства помеѓу Северна Македонија и Шпанија, проектот ќе придонесе кон промоција на добри практики во процесот на деинституционализација, развој на социјалните услуги и подигање на јавната свест за можностите и потенцијалот на лицата со попреченост.
Зајакнување на соработката помеѓу организациите од Северна Македонија и Шпанија;
Размена на искуства и добри практики во процесот на деинституционализација и независното живеење;
Промоција на социјалните услуги и културните активности за лицата со попреченост;
Подигнување на јавната свест за значењето на инклузивното општество;
Поттикнување на меѓукултурна размена и активно учество на младите со и без попреченост.
Во рамки на проектот ќе се реализираат:
Подготовка на компаративна анализа за процесот на деинституционализација и културните активности во Северна Македонија и Шпанија;
Онлајн информативна кампања за промоција на независното живеење, социјалните услуги и активното учество на лицата со попреченост;
Македонско-шпански културен ден со презентација на традиционална храна, музика и интерактивни активности за младите од двете земји.
Проектот е наменет за лица со попреченост, млади со и без попреченост, родители, професионалци и пошироката јавност во Северна Македонија и Шпанија. Директни учесници ќе бидат младите кои ќе учествуваат во активностите на проектот, додека преку онлајн кампањата и промотивните активности ќе бидат опфатени и пошироки целни групи.
Проектот ќе придонесе кон подобро меѓународно поврзување, размена на знаења и искуства во областа на инклузијата и независното живеење, зголемена информираност за социјалните услуги и поголема видливост на можностите за активно учество на лицата со попреченост во заедницата. Дополнително, проектот ќе ја зајакне долгогодишната соработка помеѓу организациите од Северна Македонија и Шпанија и ќе постави основа за идни заеднички иницијативи.
Проектот се реализира од Центарот за младински активизам ЦМА КРИК, во партнерство со Youth CRL (Шпанија), со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Шпанија во Северна Македонија.